Од шеф на марка, во шеф на цел конкурентски концерн. Вејн Грифитс честопати наидуваше на несогласување со раководството на концернот Фолксваген, меѓутоа големиот успех со шпанската марка Купра му беше гаранција за работното место.
Стелантис, конкурентскиот концерн на Фолксваген со повеќе од дузина марки околу Пежо и Фиат, има план да назначи нов извршен директор до завршетокот на јуни. Според објава во шпанскиот автомобилски магазин Ла Трибуна де Аутоемосион, меѓу кандидатите се наоѓа и Вејн Грифитс, кој неодамна си замина од Сеат и од сестринската марка Купра.
Претседателот на управниот одбор на Стелантис, Џон Елкан, одржал средба со поранешниот извршен директор на Сеат. На средбата се разговарало околу можноста за неговото назначување на местото на извршен директор на француско-италијанскиот концерн, пренесува магазинот, повикувајќи се на „доверливи изводи од браншата“, кои се запознаени со текот на изборот на идниот шеф.
Елкан: Прво одушевување, потоа недоверба
Според објавата, Елкан во почетокот имал мошне позитивен став околу кандидатурата на Грифитс. По разговорот со Британецот, тој сепак го сменил своето позитивно мислење.
Причина за тоа се „различните ставови“ околу состојбата во којашто се наоаѓа концернот Стелантис. Од огранокот на концернот во САД, сепак доаѓаат гласови во прилог на Грифитс. Според тоа, неговата кандидатура не е исклучена. Од компанијата не ги коментираат гласините.
Филоса и Пика уште се во трка
Според новинската агенција Ројтерс, во трка се пет кандидати, меѓу кои двајца се од концернот, а тројца од конкуренцијата. Тоа го кажуваат два внатрешни извори.
Меѓу интерните кандидати се наоѓа оперативниот директор на Стелантис за Северна Америка, Антонио Филоса. Италијанецот е воедно и шеф за квалитет во концернот.
Како можен наследник на Карлос Тавареш се спомнува и директорот за набавки Максим Пика. Французинот ужива висок углед во францускиот огранок на концернот, меѓутоа неговото име остана во сенка, затоа што купувањето на концернот се одвива надвор од јавната сфера.
Двајцата менаџери уште во септември беа меѓу фаворитите за круната, уште пред Тавареш да биде сменет од шефовското место во средината на декември. Оперативниот директор Жан Филипе Импарато и самиот Џон Елкан досега немаат искажано интерес за првата раководна позиција во Стелантис.
[the_ad id=”85764″]
Дали Грифитс навистина е вистинскиот избор?
Ројтерс не ги објави имињата на екстерните кандидати. Еден од нив е Грифитс. По заминувањето од Сеат по сопствено барање, тој кажа дека во иднина има намера да им се посвети на „новите предизвици“.
Грифитс е комуникативен, креативен и неконвенционален тип на раководител. Тоа може да биде и пречка за раководното место со еден концерн. Елкан е менаџер што не прифаќа непотребни ризици и придава посебно значење на стабилноста.
Карлос Тавареш важеше како експерт за финансии со сенс за ефикасност, кој првенствено ги поставуваше стратешките цели, а оперативната работа целосно им ја препушташе на шефовите на марка и на регионалните шефови.
За преземање на кормилото во Стелантис во повеќе медиумски објави се спомнува и извршниот директор на Рено, Лука де Мео, но тој уште одамна укажа дека има намера до крај да ја реализира својата стратегија Ренолушн во групацијата Рено.
















