Ексклузивна Мерцедес Г-Класа во духот на 1980-те со цена од 2020-те

Серијата од Г-Класа со многу англиско име, што се преведува „посилна од 1980-те“, ќе биде изработена во само 460 примероци, во бои на првата генерација на Гелендесаурусот и со бројни дизајнерски елементи што го пренесуваат волшебството на овој модел.

Мерцедес-Бенц ги усреќува ентузијастите со ексклузивна серија што ќе се произведе во 460 примероци и ниту еден повеќе. Идејата за овој скапоцен модел дојде пред две години, кога во австриски Грац беше произведен 500.000-от примерок од Г-Класата.

Посебноста на серијата се огледува во боите на каросеријата, од палетата на првиот модел од 1979 година, со фабричка ознака Дупло В 460, бројка што реши и за бројноста во којашто ќе се изработи моделот „Стронгер Ден Д 1980с“.

Може да се избере погонска верзија Г 450 д или Г 500. Тоа што треба да ги одушеви купувачите е спојот од најсовремена техника што се крие зад класично скроената форма, со детали и шарм од 1980-те.

Главни се боите:

  • Мануфактур агавегрин уни: Темозелена боја што пренесува цвстина и врска со природата. Намерата тогаш беше да се укаже на теренските својства на првиот модел.
  • Мануфактур кремевајс уни: Класична бела боја, елегантна и префинета. Таа беше омилен избор за купувачи што ја користеа Г-Класе првенствено во град.
  • Мануфактур колорадобеж уни: Топлиот песочен тон оддава чувство на авантура и слобода. Оваа боја во 1980-те го претставуваше разновидниот карактер на Г-Класе.

Уште еден детал се трепкачите во портокалова боја, како на времето. Маската, носот на возилото и браникот, арките во крилата и куќиштето на ретровизорите се лакирани во мат црна боја, за да го пренесат духот на првата Г-Класа. Стилизираната заштита на подвозјето е во истата боја.

Тркалата со пет краци исто така се во класичен стил. Ѕвездата на хаубата е во комбинација со историскиот амблем, со дафиновиот венец на сина подлога.

Опашот го краси оригинален дел од 80-те, тоа е сребрена плакета на моделот, со црн натпис Мерцедес-Бенц и со покривка за резервното тркало што е посебна за специјалниот модел.

Изгледот е облагороден со пакет Профешнал Лајн, што го нагласува теренскиот карактер. Тоа се калници напред и назад, заштитни решетки за затемнетите светла и гуми за секаква подлога. Опција е носач за багаж на покрив.

Уште еден додаток е пакетот за лого, со црни копчиња на вратите и со лого, како и со проектот на логото во ретровизорите. На земја се прикажува целото име на серијата „Г-Стронгер ден тајм“.

Седишта во сива боја и плакета Шекл Прувд во стилот на 1980-те

На почетоците на моделот потсеќа и внатрешноста. Средината на црните кожени седишта е обложена со сиво платно, омилен избор во тоа време. На украсната плочка на држачот пред совозачот се наоѓа натпис на името на серијата.

Праговите се облагородени со плочки со топографија од планината Шекл покрај Грац, со патеката на којашто Г-Класа се докажува како теренски шампион уште од 1979 година.

Електрична Г-Класа во Мак Аутостар

Секако дека е тука и традиционалната плакета „Шекл Прувд“ во дното на средните столбови во стилот на 1980-те. Во средишната конзола е бројот на самото возило во серијата од 460 примероци.

Во опременоста е додадена напа кожа на воланот, стаклен сончев покрив и аудио систем Бурместер

Цената е од 2025 година: Г-Класа што е посилна од 1980-те чини 160.055 евра во Германија.

Претходна објаваПоранешниот шеф на Сеат и Купра е можниот иден шеф на концернот Стелантис
Следна објаваСитроен Ц3 Еркрос почна со продажба: Француската марка го решава мечот со тројка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here