Инвеститорите во Стелантис се против исплатата на 23 милиони евра за екс-шефот Тавареш

Поранешниот шеф Карлос Тавареш покрај електрична Алфа Ромео Јуниор 280 Велоче на авто-фестивалот Карамуло

Стелантис се спогоди во спорот со Карлос Тавареш, тој да го напушти раководењето со концернот, а за возврат да добие широкограда отштета. Тоа не им се допаѓа на големи инвеститори во концернот.

Инвеститорите во концернот Стелантис се побунија за поранешниот извршен директор Карлос Тавареш да го добие предложениот пакет за компензација во висина од 23,1 милиони евра. Во овој износ влегуваат плата, бонуси и отпремнина.

Како што објави агенцијата Блумберг, влијателни инвеститори, меѓу кои Алианц Глобал Инвесторс, повикаа на главното собрание што се одржува попладне во вторник да се гласа против исплата на предложениот пакет за компензација. Ставот е дека прозиводителот не е обврзан да исплати компензација

Ненадејно заминување

Инвеститорите аргументираат дека Тавареш презел погрешни чекори за стратегијата и со својата строга дисциплина за скусување на трошоците, предизвикал пад во прометот и добивката на концернот. Поради тоа, предложената сума за исплата противречи на ефектот од неговата работа.

Тавареш ненадејно се повлече од својата функција лани во декември, поради интерни разидувања во раководството на концернот. Тој на крајот останал без каква било поддршка во компанијата.

[the_ad id=”85764″]

Спор во надзорниот одбор

Постојат повеќе сведоштва за ситуацијата пред заминувањето на извршниот директор. Директорот за финансии, Даг Остерман, изјави дека Португалецот им наштетил на односите на концернот со дилерите, добавувачите, синдикатот и владите. „Мораме да ја вратиме довербата.“

Агенцијата Ројтерс пренесе изјава на неименуван извор од концернот, „не може сите да ти станат непријатели“.

Пресудна за смената била кавгата што се случила на собрание на надзорниот одбор во ноември, меѓу Тавареш и шефот на управниот одбор Џон Елкан, околу строгите ограничувања за ЦО2 на ЕУ.

Претходна објаваТрамп најави изземање од царина за некои производители на автомобили
Следна објаваPeugeot 9X8 се враќа во Емилиа-Ромања

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here