Продажбата на Тесла во Франција и Шведска на најниско ниво во последните четири години

Милијардерот и близок соработник на претседателот Доналд Трамп предизвика контроверзи, откако искажа јавна поддршка на крајно десничарските партии во Европа. Тоа беше дополнителен фактор за продажбата да продолжи да паѓа, точно пред Тесла да го воведе во продажба освеженото моделско годиште на својот најпродаван модел, Тесла Ипсилон.

Мартовската продажба во Франција опадна 37 проценти, на 3.157 возила, додека целиот пазар забележи минус од 15 проценти. Уште поголем е падот во Шведска, каде што во минатиот месец беа продадени само 911 возила, или за 64% помалку од лани.

Паѓа и продажбата на останатите европски пазари. Во Данска, падот изнесува 66 проценти. Дури и Норвешка, традиционално силен пазар на Тесла, имаше пад од 1 процент.

Единствено Шпанија и Португалија постигнаа раст во продажбата, каде што целиот пазар на електрични и хибридни модели е во плус.

Во Шпанија, Тесла во март продаде 1.983 возила или за 34% повеќе од истиот месец лани. Во првите три месеци од годинава, продажбата на марката од САД сепак е 12 проценти во минус. Португалскиот пазар регистрираше 2 проценти повеќе продажби на Тесла, меѓутоа на ниво на првиот квартал, продажбата пак е 26 проценти во минус.

Кварталната продажба на Тесла е падната 41% во Франција, 55% во Шведска, 13% во Норвешка, 56% во Данска и 50 проценти во Холандија.

Тесла ја губи трката со БИД

Пазарниот удел на марката на Илон Маск во Франција спадна на 1,63 процент во првото тромесечје. Производителот губи чекор од БИД и останатите производители на ЕВ од Кина, чијшто удел на пазарот на електрични возила порасна на 3,19 проценти.

„Досега се нема случено автомобилска марка да падне во таква немилост во светски размери,“ вели Квентин Вилсон, основач на британската групација на подржувачи на електромобилноста Ферчарџ и сопственик на автомобил Тесла.

„Сите сме посрамотени,“ кажува Лука Дел Бо, претседател и соосновач на сопственици на Тесла во Италија, кој првата Тесла ја купи пред 10 години и денес поседува Модел 3 од 2022 година. Тој вели дека Маск е гениј, но додаде: „Сите ќе бидеме среќни ако Маск се врати да биде само извршен директор.“

Тесла во моментов се соочува со низа предизвии во Европа

Производителот на ЕВ има мала понуда од модели што се застарени, додека традиционалните производители и новите кинески играчи лансираат нови електрични модели, што честопати се поевтини.

Заради преоѓањето на новото моделско годиште на Модел Ипсилон, во почетокот на годинава беше прекинато производството во фабриките ширум светот, вклучувајќи ја фабриката во близина на Берлин. Овој прекин влијаеше врз продукцијата, и секако врз продажбата.

Европските производители го користат моментот и нудат подостапни електрични модели, меѓу кои се Рено 5 со цена од околу 25.000 евра и Ситроен е-Ц3 со цена од 23.300 евра, без субвенции. Овие модели се воедно и одговор на растечката конкуренција од Кина.

Престојат протести против Тесла во Европа и САД

„Слабата продажба на Тесла во Европа е резултат од низа фактори,“ оценува Бен Нелмс, главен аналитичар во Њу Аутомотив. „Компанијата не успеа да развие модели што ќе бидат конкурентни со цената. Покрај тоа, вклучувањето на извршниот директор во политиката во САД, разубеди голем дел од купувачите.“

Поддршката на крајно десничарските партии во Европа, меѓу кои германската АфД, пред изборите во земјата во февруари, се чини дека влијаеше врз продажбата на Тесла.

„Во САД, оваа стратегија се поврзува со патриотирам и со префрлување в десно,“ вели Ерик Шифер од Патријарх Организејшн во Лос Анџелес.

Како одговор на десничарската активност на Маск, автомобили на Тесла станаа цел на вандализам. Протести „Тесла Тејкдаун“ се планираат во Европа и во САД.

Во неколку европски градови, меѓу кои Рим, Берлин и Стокхолм, во изминатите денови беа запалени десетици автомобили и оставени пораки на незадоволство врз продажните салони на Тесла. На 31-ви март, Маск кажа дека палењето на салонот на Тесла во Рим, во којшто изгореа 17 автомобили, било чин на тероризам.

Претходна објаваДва модели на Донгфенг ја освоија германската награда за дизајн иФ
Следна објаваКалифорнија има повеќе полначи за електрични возила отколку пиштоли за точење гориво

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here