Опел Корса Електрик со подолг досег, сега минува 429 километри

Електричните автомобили повторно земаат залет, откако Комисијата на ЕУ годинава ја спушти границата за емисијата на ЦО2 на 95 грами. Тоа значи дека производителите ќе мораат да притиснат повеќе за електричнте автомобили да ги приближат до купувачите. Опел реагира со нова батерија за електричната Корса.

Новата продукција на Опел Корса Електрик со батерија од 51 кВч и електромотор од 156 КС постигнува за шест проценти подолг досег од претходната изведба на моделот. Со промените, електричната Корса сега минува 429 километри, што е за 24 километри повеќе.

Германската марка на Стелантис на домашниот пазар го нуди специјалниот модел Опел Корса Електрик Јес по цена од 32.485 евра, што остана непроменета. Според менаџерите на Опел, тоа е добитна ситуација за купувачите, со повеќе стил, подолг досег и подобрена применливост во секојдневието, по истата цена како претходно.

Во поглед на просторноста и функционалноста, Корса Електрик не се разликува од изведбите со мотори со внатрешно согорување, што воедно прави таа да биде попривлечна. Магазинот електрикар ја прогласи елеткричната Опел Корса за најдобар електричен автомобил во градската класа, во изборот за 2025 година.

Дополнителниот досег е постигнат со усовршување на батеријата никел-манган-кобалт (НМЦ). Подобрена е ефикасноста на работата, односно смалена е потрошувачката на електрична енергија.

[the_ad id=”85764″]

Според фабрика, просекот сега е 14,2 кВч за секои сто километри. Уште една доплест на Корса Електрик е можнота за користење брзи полначи со еднонасочна струја, на коишто можќе да полни со моќност до 100 кВ, што значи дека батеријата ќе се наполни до 80 проценти за помалку од 30 минути.

Со новата батерија доаѓаат и три нови бои: Еукалиптус зелена, кобалт сина и кис црвена. Во изведбата Јес доаѓаат и бројни ставки што инаку се стандардни само кај врвната спортска изведба ГС.

Претходна објаваХонда и Сузуки се придружија во ЦО2-пулот на Тесла, за да ги избегнат казните на ЕУ
Следна објаваМерцедес-Бенц В-Класа: Без двоумење, ова вреди 143.000 евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here