Порше стана мнозински сопственик на огранокот за батерии на Варта

Цилиндричните литиум-јон батерии на Варта се користат во хибридниот Порше 911 ГТС.

Порше на 1-ви март го презеде мнозинскиот удел во акциите на В4Драјв Батери, огранок на Варта, којшто произведува цилиндрични литиум-јон батерии. Германскиот производител на батерии Варта, ќе го задржи преостанатиот удел во акциите, без влијание врз одлучувањето.

По овој чекор, В4Драјв со смени името во В4Смарт.

Почнувајќи од април, батериските ќелии ќе се произведуваат во нова фабрика во Нердлинген, Германија, а продолжува и тековното производство во Елванген.

Порше најави дека ќе продолжи да го зголемува уделот во Варта, што ќе помогне овој добавувач да постигне финансиска стабилност. Компанијата претрпе штета од погрешните одлуки за инвестирање, вклучувајќи скап, но недоволно успешен обид за пробив со производството на батерии под марката В4Драјв, наменети за хибридни спортски автомобили.

Варта му дава моќност на 911

Батериските ќелии веќе се користат за да се обезбеди дополнителна моќност во моделската изведба Порше 911 ГТС

„Бустер-ќелиите ни овозможуваат да внесеме технологија од мотоспортот во нашите сериски автомобили,“ изјави членот на управниот одбор со надлежност за производство, Албрехт Рајмолд. „Како клучна компонента за хибридниот систем Т-Хибрид, тие му обезбедуваат исклучителни возни перформанси на нашиот иконски спортски модел 911.“

Партнерството со Варта ќе овозможи Порше да го покрие целиот производствен процес на цилиндрични ќелии, од проектирање на ќелиите до производство, соопшти Порше.

Германскиот производител на автомобили со овој чекор добива и директен пристап до напредни технологии за литиум јон батерии и си обезбедува стабилно снабдување со батериски ќелии со висок квалитет. Порше со тоа исклучува ризик да остане без снабдување со батерии, а може да се очекува и скусување на трошоците за производство, откако спортската марка во уште поголем обем ќе се префрли на електричен погон.

Порше применува сопствена стратегија за батериите

Порше применува сопствена стратегија за батериите, за да се надоврзе на плановите на концернот Фолксваген. Според таа стратегија, Порше самостојно произведува батериски ќелии со високи перформанси, преку својот огранок за производство на батерии во високи перформанси Селфорс. Компанијата бара партнери што ќе учествуваат во фабриката вредна 3,3 милијарди евра, со капацитет за 10 до 29 гигаватчасови батерии.

Банкротирањето на шведскиот производител на батерии Нортволт од корен ги смени плановите на Порше, за наследниците на серијата 718, односно за идните Бокстер и Кајман со електричен погон.

Порше во целост се потпираше на Нортволт како единствен добавувач на ќелии со висока енергетска густина за вградување во своите возила, наведува германскиот економски дневник Ханделсблат. Тоа доведе до одложување на планоците за лансирање на новите модели и внесе неизвесност во стратегијата за снабдување со компоненти на Порше.

Порше преходно објави дека ЕВ во 2030 година ќе учествуваат со 80 проценти во продажбата. Тој план беше сменет поради забавената побарувачка во САД и Кина.

 

„Преоѓањето на електрични автомобили трае подолго отколку што ценевме пред пет години,“ објави Порше во соопштението од 22-ри јули. „Нашата стратегија на производи е поставена така што можеме да постигнеме преку 80 проценти од нашите возила да бидат електрични во 2030 година – зависно од побарувачката на клиентите и од развојот на електромобилноста.“

Откако постигна првичен успех, првиот целосно електричен модел на Порше, луксузната лимузина Тајкан, во минатата година имаше пад од 49 проценти, со продадени 20.836 возила. Во меѓувреме, електричната изведба на Макан не ги исполни очекувањата, по задоцнетото појавување на пазарот.

Порше лани продаде 18.278 примероци од електричниот Макан, наспроти
64.517 примероци од моделот со мотори со внатрешно согорување.

Претходна објаваФиат гледа глобален успех со првиот светски модел по 8 години
Следна објаваНисан го смени шефот, Иван Еспиноза на местото на Макото Учида

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here