Падот на вредноста на акциите на Тесла Инк во минатата седмица го заврши кругот на растот на акциите на производителот на електрични возила од епски размери.
Претпоставките дека производителот на електрични возила ќе извлече корист од блискоста на извршниот директор Илон Маск со претседателот Доналд Трамп, доведоа до тоа акциите на компанијата да постигнат еден од најголемите скокови на берзата, од изборите на 5-ти ноември наваму. Тој облог сепак не успеа да ги залаже инвеститорите, дека бизнисот на Тесла врви добро.
Акциите на Тесла на 7-ми март паднаа 0,3 процент, на 262,67 долари по акција, и тоа беше сосем доволно да го избрише целиот скок од 700 милијарди долари по изборите. Овој пад се придружува во низата неуспеси, што ја потресоа довербата на инвеститорите.
Меѓу тие неуспеси секако е клучен јануарскиот извештај за опаднатата продажба во последното тромесечје лани, што се случи првпат во изминатите десет години. Тоа беше јасен знак дека Тесла го губи владеењето со пазарот на електрични автомобили во Европа и во Кина. Некои инвеститори се загрижени дека вмешувањето на Маск во политиката го одвлече неговото внимание како извршен директор на Тесла.
„Облогот дека акциите на Тесла ќе растат поради политичкото активирање на Маск, досега не вроди успех“, вели Адам Сарах, основач на 50 Парк Инвестментс. „Инвеститорите што во почетокот проценија дека ќе извлечат огромна корист од вклучувањето на Маск во политиката беа во еуфорија, но повеќето од нив сега размислуваат потрезвено.“
[the_ad id=”85764″]
Аналитичарот на Банк оф Америка, Џон Марфи, во минатата седмица ги смали прогнозите за вредноста на акциите, од 490 на 380 долари, наведувајќи ги како причина ослабнатата продажба на автомобили, немањето најави за идниот модел со достапна цена и ризикот околу проектот со роботското такси.
















