БИД мерка трета фабрика за да го покрие европскиот пазар

Првата фабрика на компанијата во Европа се наоѓа во Сегедин, Унгарија, и се очекува уште годинава да отпочне со работа. Кинескиот производител гради и втора фабрика за европскиот пазар, во Измир, Турција.

Шефицата на БИД за Европа, Стела Ли, кажа дека овие две фабрики може да бидат недоволни, за да се покријат плановите што кинескиот производител ги има за европскиот пазар.

„Размислуваме за трета фабрика во Европа,“ кажа Ли за германскиот Аутомобилвохе, на настан за медиумите што беше одржан во Франкфурт, Германија. „Одлуката за тоа ќе ја донесеме во следната година и пол до две години.“

Ли не наведе кога е планирано да се отвори новата фабрика и каде таа ќе се наоѓа.

Фабриките на БИД ќе му овозможат на производителот на автомобили да ги избегне високите царини во Европска Унија за батериски електрични возила што се увезуваат од Кина. Електричните автомобили на БИД подлежат на дополнителна царина во висина од 17 проценти, покрај претходните 10 проценти за увоз на возила од Кина во ЕУ.

Ли кажа дека изградбата на унгарската фабрика се одвива според плановите и таа ќе почне да работи кон завршетокот на 2025 година. Турската фабрика се очекува да отпочне со прозиводство во средината на 2026 година, потврди шефицата.

Фабриката во Унгарија ќе располага со капацитет за 150.000 возила годишно, во првата фаза, а потоа и 300.000 возила во втората фаза, најави Ли. Турската фабрика ќе постигнува слична продукција.

Со Ато 2, БИД цели кон најголемиот сегмент на европскиот пазар, на малечките СУВ. Ато 2 во април ќе почне да се продава во е-изведба, понатаму следи хибрид.

Ли кажа дека БИД ќе може да ги извезува во Европа автомобилите што се произведени во Турција, без царини. Таа исто така кажа дека производителот има „големи очекувања за турскиот пазар.“

Најпродаван модел на БИД во Европа во 2024 година беше Ато 3 со 13.655 возила. Сил Ју е втор со продадени 11.678 примероци, трет е Долфин со 11.437 и по него Сил со 10.578 продажби.

[the_ad id=”85764″]

Во интервју за германскиот магазин Капитал во декември, Ли кажа дека првите два модели што ќе се произведуваат во Унгарија ќе бидат Долфин и Ато 3.

Малечкиот кросовер Ато 2 и минито Сигал, што почнува со продажба во Европа во април, веројатно ќе бидат следните два модели што ќе се произведуваат во Европа, изјави Ли за магазинот.

 

Претходна објаваЕлектричната лимузина на Волво полни брзо, патува далеку
Следна објаваРекламниот ефект на Трамп не успеа, акциите на Тесла паѓаат

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here