Фолксваген ќе развива нови батерии во Кина

Концернот Фолксваген и КАТЛ, најголем производител на батерии во светот, потпишаа писмо на намери за соработка во развојот на нова генерација литиумски батерии.

Партнерството понатаму ќе се развива во останатите подрачја за електрични возила, како што се рециклирање батерии и технологија за пренос на енергијата од батеријата во возилото во електродистрибутивната мрежа. КАТЛ го соопшти тоа на 24-ти февруари.

Фолксваген кажа дека соработката ќе помогне да се развијат „батерии со високи перформанси по поволна цена.“

„Нашата главна задача е да создадеме силна локална мрежа за снабдување. Тоа исто така е клучен дел од стратегијата ‘Во Кина, за Кина’ на концернот,“ изјави извршниот потпретседател Алфонсо Санчо за локалните медиуми.

Засега не се спомнуваат сумите околу соработката.

Партнерството ќе важи само за кинескиот пазар, напоменаа од Фолксваген.

Зајакнувањето на соработката со КАТЛ е уште еден начин за концернот Фолксваген да го спречи опаѓањето на продажбата во Кина. Во минатата година, продажбата на концернот во земјата опадна за 10 проценти, со 2,9 милиони возила.

Стратегијата вклучува и заедничка компанија со Експенг, коајшто ќе развива нова електрична архитектура за возилата за Кина. Фолксваген и Експенг исто така имаат намера да ја изградат најголемата мрежа од брзи полначи во Кина.

Фолксваген веќе е еден од најголемите клиенти на КАТЛ, којшто ги снабдува и БМВ, Мерцедес и Тесла.

КАТЛ ја отвори својата прва фабрика надвор од Кина во 2023 година, во германскиот град Арнштат, каде што произведува батериски ќелии.

Видеото од тестот на електричен Фолксваген ИД.4

Претходна објаваФолксваген, БМВ и БИД ја зголемија продажбата во јануари, европскиот пазар сепак во минус
Следна објаваДонгфенг Мејџ ќе привлекува и со цена и со изглед, наскоро на македонскиот пазар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here