Мерцедес-Бенц објави дека почува со продажба на станови во втората кула во состав на Мерцедес-Бенц Плејсис во Мајами. Тоа е прв проект на Мерцедес-Бенц во бизнисот со брендирани недвижнини во САД и еден е од најголемите објекти што во моментов се градат во сојузната држава.
Заедно со партнерот ЈДС Девелопмент, Мерцедес-Бенц пред неколку денови го објави почетокот на продажбата на станови во втората кула од Мерцедес-Бенц Плејсис во Мајами. Посебно за таа цел е отворена галерија за продажба, а по тој повод беше откриен и изгледот на ексклузивниот лаунџ Силвер Ароу, Сребрена Стрела, наменет само за станарите.
Откако во почетокот на 2024 година беше објавено отпочнување со продажба на станови, сите сто станови во Кулата 1 беа продадени за само четири денови. Објектот висок 67 катови уште е во градба. Заинтересираните клиенти ќе можат во посебно изведената галерија да се запознаат со внатрешната архитектура.
Станарите ќе можат да уживаат и во тераса на покривот, каде што средишното место му припаѓа на базенот долг 16 метри. Посебноста на просторот е во тоа што архитектурата се раководи според дизајнот на класичните тркачки модели на Мерцедес-Бенц, на Зилберпфајле, односно прочуените Сребрени Стрели. Секако дека и материјалите и изработката исполнуваат врвни стандарди.

Објектот се наоѓа во Саутсајд Парк, а просторот околу него го уредуваат Филд Оперејшнс, прочуени архитекти за тоа поле на работа.
Главниот дизајнер на Мерцедес-Бенц Група АГ, Горден Вагенер, секако дека има главен збор и за 67-катницата во Мајами: „Архитектурата на Мерцедес-Бенц Плејсис во Мајами ја прикажува безвременската традиција на филозофијата на нашиот дизајн и внесува иконски потенцијал во луксузното живеење. Ние го пренесуваме нашето искуство во автомобилскиот дизајн во архитектурата и со тоа поставуваме силен и безвременски печат.
Посебен детал е приватниот Порт Кошер, каде што се пристапува со автомобил во објектот. Оттаму се продолжува во отмено лоби, коешто нуди највисок комфор. Становите се одликуваат со прозорци високи три метри, и со кујна и купатила изработени по посебна желба.

Проектот во Мајами се состои од 800 станови од најразличен вид, почнувајќи од студио до станови со три спални соби. Од објектот се гледаат Мајами, заливот Бискејн и Атлантскиот Океан.
Клиенти пристигаат од цел свет, „се радуваме на отворањето на втората кула на Мерцедес-Бенц Плејсис во Мајами, интернационалната побарувачка и досегашните продажби се одвиваа крајно позитивно“, кажува Михаел Штерн, основач и директор на ЈДС Девеломпмент Груп.

Во состав на објектот влегуваат преку 130.000 метри квадратни простор за комерцијална дејност, 250.000 метри квадратни во канцелариски простор од прва класа, спа и фитнес салони, како и хотел со 174 соби.
Мерцедес-Бенц заработува од наплата на лиценците со коишто се дозволува во објектот да се користат дизајнерските обележја и препознатливите ознаки на германската марка.
Вселувањето ќе почне во 2027 година.
View this post on Instagram
Вебсајтот на Мерцедес Бенц Плејсис
https://miami.mercedesbenzplaces.com/
















