
Европскиот огранок на Тојота пријави 6 милиони продадени автомобили со електрифициран погон, што ги опфаќа стандардните „тојота-хибриди“, приклучните хибриди, батериските и водородните електрични автомобили.
Шест милиони автомобили на Тојота во Европа што имаат електромотор во каква било улога во погонската спрега, од хибрид до водороден електричен автомобил, и повеќе од 30 милиони такви автомобили во светот, од лансирањето на Приус во 1997 година – тоа е досегашниот биланс од раното отпочување со електрификацијата во Тојота.
Уверливата бројност на продадените автомобили со електрифициран погон произлегува од стратегијата на Тојота, да не се ориентира само на еден вид погон, туку паралелно да ги развива сите видови погон и да ги нуди соодветно на побарувачката на пазарот.
Тојота им го препушта изборот на видот на погон на купувачите, место сама да решава дека одреден вид погон е најдоброто решение за нив и да им го нуди само тоа
Ефектот од електрификацијата се покажува јасно и со смалената емисија на ЦО2. Наспроти 1995 година, кога просечната емисија на ЦО2 од целиот возен парк на Тојота изнесувала 192 грама на километар, во 2021 година таа вредност била сведена на само 92 грама ЦО2 на километар. Тоа е намалување за преку 50 проценти.
[the_ad id=”73735″]
Благодарејќи меѓу другото и на понудата на сите видови погон, продажбата на Тојота во Европа, лани порасна повеќе отколку што растеше пазарот во целина. Со раст од 4 проценти, јапонската марка испорача вкупно 1,2 милион возила на Тојота и Лексус во Европа. Во историјата не се случило Јапонците да продадат повеќе возила тука за една година.
Посебно е убедлив и уделот што моделите со електрифициран погон го постигнуваат во продажбата: Дури 74 проценти од продадените Тојоти и Лексуси лани во Европа, имаат некаков електромотор во погонот.
| Вкупна продажба на електрифицирани модели до завршеток на 2024 година | ||
| ВИД НА ПОГОН | СВЕТ | ЕВРОПА |
| HEV, хибрид | 29,315,916 | 5,884,708 |
| PHEV, приклучен хибрид | 761,578 | 165,830 |
| FCEV, водороден електричен погон | 27,723 | 3,897 |
| BEV, батериски електричен погон | 289,840 | 93,259 |
| MHEV, благи хибриди | 141,593 | 35 |















