Ферари наесен ќе го прикаже својот прв електричен автомобил

Електричниот модел на Ферари ќе се произведува во новата е-фабрика што почна со работа во 2024 година.

Соопштувајќи ги резултатите од работењето во минатата година пред новинарите на 4-ти февруари, Виња не откри понатамошни детали околу идниот модел. Тој единствено кажа дека моделот ќе биде претставен на единствен и досега невиден начин во седиштето на компанијата во Маранело, Италија.

Електричниот автомобил е еден од шесте нови модели што компанијата има намера да ги пушти во продажба годинава, најави Виња.

Марката позната по своите разбеснети бензински мотори им го понуди својот прв хибриден модел на богатите купувачи уште во 2019 година.

Политиката на администрацијата на Трамп и заканата од трговска војна нема да влијаат врз плановите за електрификација на Ферари. „Ние не се наоѓаме во електрична транзиција, повеќе правиме електрична адиција,“ кажува Виња.

Според неколку објави што Ферари не ги коментираше, електричниот суперавтомобил ќе чини над 500.000 евра.

Ферари вложи 200 милиони евра во новата е-фабрика во своето седиште во Маранело, во северна Италија, каде што ќе се произведува моделот.

Претходна објаваАкциите на европските производители во пад откако Трамп воведе царини
Следна објаваШкода со 16 возила ја прикажува својата 130-годишна историја на Ретромобиле

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here