
Стелантис назначи нови извршни директори за марките Пежо, Џип и ДС, и на потенцијалниот наследник на поранешниот извршен директор Карлос Тавареш му го довери раководењето на глобално ниво, со промените што се прават со цел да се подедностави структурата на концернот и да се забрзаат работите.
Алан Фави, поранешен директор во Фолксваген Група, поставен е за шеф на марката Пежо, објави Стелантис на 3-ти февруари. Сегашната шефица на марката Пежо, Британката Линда Џексон, навршува 65 години и наскоро заминува во пензија.
Антонио Филоса, директор на Стелантис за пазарите во американските региони, кој е кандидат да го наследи Тавареш, презеде дополнителна улога во концернот, како глобален шеф за квалитет. Улогата на Филоса како глобален шеф на марката Џип му е доделена на Боб Бродердорф, кој во моментов е директор на Џип за Северна Америка.
Во соопштението од 3-ти февруари, концернот кажа дека ги споил своите активности во софтверот и инженерингот под раководство на генералниот директор за инженеринг и технологија Нед Сурик. Стелантис не ја спомна улогата што во иднина ќе ја има шефот за софтвер, Ив Бонфон.
Боб Бродердорф е унапреден во извршен директор на глобално ниво за Џип, од местото на шеф за Северна Америка. Отворен е нова канцеларија за маркетинг, со коајшто предводи првиот човек за маркетинг на концернот и шеф на марката Фиат, Оливие Франсоа. Канцеларијата ги соединува дирекорите за маркетинг на марките на концернот, за подобра поддршка на марките, посебно во насока на рекламите, глобалните настан и спонзорствата, соопшти Стелантис.
Франсоа му ја препушти својата улога на шеф на ДС Аутомобилс, премиум француска марка во концернот, на Ксавиер Пежо, член на фамилијата Пежо, која е втор најголем единечен акционер во Стелантис, по Ексор, холдинг компанија на италијанската фамилија Ањели, со којашто раководи претседателот на Стелантис, Џон Елкан.
Со одделението за доставни возила сега ќе предводи Ан Абуд. На тоа место досега беше Жан Филип Импарато, кој ја задржа својата позиција како шеф за Европа.
Комуникацијата и односите со јавноста ѝ се препуштаат на Клара Инген-Хоуз.
Промените „дополнително ќе ја поедностават нашата организација и ќе ја зголемат нашата локална агилност и крутоста во извршувањето,“ кажа Елкан, кој раководи со компанијата, додека се бара нов извршен директор. Стелантис сооопшти дека изборот ќе биде решен до завршетокот на јуни.
Фави, новиот извршен директор на марката Пежо, досега ја обавуваше функцијата на извршен директор во гигантот во бизнисот со рентакар Еуропкар Мобилити Груп, каде што главен акционер е Фолксваген, од неговото назначување за таа функција во 2023 година. Тој претходно беше шеф за продажба и маркетинг во Бентли, почнувајќи од 2021 година, а пред тоа беше на истата позиција во Шкода, од 2017 година.
Тој беше и на извршна функција во Порше, во марката Фолксваген и во Ситроен. Фави има дипломирано маркертинг на престижниот париски универзитет за бизнис ХЕЦ.
Продолжува барањето наследник на Тавареш
Елкан раководи со 10-члениот извршен комитет што во моментов управува со Стелантис и прави обиди да ги нормализира односите со дилерите и со властите, по заминувањето на Тавареш. Производителот во моментов вложува напори да ја прошири својата понуда од хибридни модели.
Ричард Палмер, поранешен директор за финансии, кој сега е специјален советник на Елкан, соработува со својот шеф во изборот на најдобрите кандидати за местата на извршни директори во концернот.
Стелантис е создаден со спојувањето на Фиат Крајслер и ПСА Група во 2021 година. Елкан сака да ја врати компанијата на вистинскиот пат, пред да се избере новиот извршен директор на целиот концерн.















