Ролс-Ројс ќе ја доградува фабриката, голема побарувачка за електричните автомобили

Ролс-Ројс соопшти дека електричниот Спектр им бил најдобро продаван модел во Европа лани и втор најпродаван во светот.

Ексклузивниот огранок на групацијата БМВ соопшти дека нивниот прв целосно електричен модел, купето Спектр, се покажало дека е „популарно и повеќе отколку што се очекуваше“.

Во својата прва цела година во продажба, купето беше најпродаван модел на Ролс-Ројс во Европа и втор најпродаван модел во светски рамки, по СУВ-моделот Калaнан.

Ролс-Ројс до ноември продаде 377 примероци од Спектр во Европа, што е 4 примероци повеќе од Каланан, покажуваат податоците на Датафорс.

Британците лани продадоа вкупно 5.712 возила, што е за пет проценти послабо од преклани, кога имаа рекордна година со 6.032 продадени возила. Во 2023, најголем пазар пазар им беа САД.

Ролс-Ројс ќе вложи 300 милиони фунти во проширување на својата фабрика во Гудвуд, Англија. Тоа е најголема инвестиција од отворањето на фабриката во 2003.

Напредок таму каде што соперниците запнаа

Успехот на Ролс-Ројс со Спектр се случува во услови на пазарот, кога неколку премиум производители наидувааат на потешкотии да најдат клиенти за своите скапи електрични возила.

Британскиот производител не открива подробности околу својот втор електричен модел, меѓутоа се верува дека тоа ќе биде СУВ.

Ролс-Ројс соопшти дека инвестицијата во Гудвуд се движи во насока, во фабриката во иднина да се произведуваат исклучиво модели со електричен погон. Намерата е до завршетокот на 2030 година, целата понуда да се состои од електрични автомобили.

Програмата што е наречена Коучбилд е наменета за изработка по посебна нарачка, за ултрабогаташи. Еден од исклучителните модели што беа изработени лани е Аркадиа Дроптејл.

Рекордна побарувачка за специјални изработки

Со проширувањето на фабриката во Гудвуд ќе се добие и повеќе простор за возилата што се изработуваат по посебни нарачки, во програмите Биспоук и Коучбилд.

Исто како соперниците, Ролс-Ројс наидува на зголемена побарувачка на возила по посебни желби и по несекојдневни барања, коишто носат голема заработка. Во минатата година, нарачките во програмата Биспоук, достигнале вкупна вредност што била за 10 проценти повисока од претходно. Од Гудвуд сепак не откриваат точно колкава е таа сума.

Меѓу специјалните нарачки во 2024 година до тимот на Биспоук се вбројуваат скултури целосно изработени од 18-каратно злато, опшивки со повеќе од 869.500 бодови и холографски лакирања на каросеријата.

Вложувањето во Гудвуд е најголемото од отворањето на фабриката во 2003 година. Во тој момент, Ролс-Ројс вработуваше 300 лица и изработуваше по едно возило дневно. Денес, Гудвуд вработува 2.500 лица и секој ден се изработуваат по 28 возила.

Претходна објаваПежо и Опел ги имаа најеколошките модели на тестовите на АДАК лани
Следна објаваЏагјуар Ланд Ровер гради лакирници од 65 милиони фунти за специјални бои по нарачка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here