Е-Класата на Мерцедес-Бенц е најбезбедниот автомобил на тест во Еуро НЦАП лани

Оцените за безбедноста на новите автомобили што ги доделува конзорцумот Еуро НЦАП вклучуваат и бројни дополнителни подрачја, главно вклучувајќи ги системите за асистенција и безбедност за незаштитените учесници во сообраќајот. Од 44 модели на автомобили на тестирањата во Еуро НЦАП, Мерцедес-Бенц Е-Класа освои највисока оцена.

Мерцедес-Бенц отсекогаш се докажувал како пионер во подрачјето на безбедноста, и во минатото неколкупати се има случувано, надлежните инженери во Штутгарт да напоменат дека автомобилите од нивната марка, со стандардите за безбедноста зафаќаат многу повисоко од барањата што ги поставува Еуро НЦАП.

Таа напомена дојде откако неколку марки почнаа да се издвојуваат и практично беа претплатени нивните нови модели да освојуваат пет ѕвезди за безбедноста. Секако тоа се користеше како реклама и лажно се стекнуваше впечаток дека авотмобилите на тие неколку марки се најбезбедни, ставајќи го во сенка еден Мерцедес-Бенц, што е институција за безбеден автомобил.

Што се случуваше вистински: Новите модели на неколку марки во поглед на безбедноста беа оптимирани според условите за тестирање што Еуро НЦАП ги постави како стандард, односно одредени модели навистина беа безбедни, но само во услови како на тестирањата на конзорциумот. Според Мерцедес-Бенц, сите можни настанувања на судур и каква било незгода од друг вид, не може да се сведат само на две или три сценарија. Во меѓувреме, стандардите на тестирање се сменија и вредностите повторно се вистинските.

А, тоа значи: Мерцедес-Бенц Е-Класа е одликувана од Еуро НЦАП за „Бест Перформер 2024“ во безбедноста. Е-Класата е најбезбедниот автомобил на тестовите во минатата година.

Покрај пасивната и активната безбедност, односно стабилноста на каросериската школка и правилното одведување на силите при судир, и работата на воздушните перници, предзатегнувачите и др., се тестираат заштитата на деца во возилото, на пешаци и велосипедисти, како и работата на системите за асистенција, од типот на предупредување при опасност од судир, самостојно запирање, задржување во лента, следење на будноста на возачот и бројни други системи.

„Мерцедес-Бенц е синоним за безбедност. Како пионери во подрачјето на безбедноста на возилата, ние го поставуваме стандардот. Горд сум на тоа, што одликувањето за „Бест Перформер“ од Еуро НЦАП е признание за нашите напори, да ја зголемиме безбедноста за сите учесници во сообраќајот.“

Маркус Шефер, член на управниот одбор на Мерцедес-Бенц Груп АГ, шеф за технологија, развој и набавки

Еуро НКАП е здружение на европски министерства за сообраќај, автомобилски клубови и осигурителни компании.

Во поглед на заштитата на возрасни патници, Е-Класа од тековната генерација В 214 освои 92 проценти од највисокиот број бодови во таа категорија, следна е заштитата на деца со 90 проценти од максимумот, незаштитените учесници во сообраќајот се заштитени 84% од максимумот, а за системите за асистенција се признаени 87 проценти делотворност во поглед на заштитата.

Претходна објаваМицубиши се држи настрана од спојот на Хонда и Нисан, сака да остане независен производител
Следна објаваПежо и Опел ги имаа најеколошките модели на тестовите на АДАК лани

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here