Како што е вообичаено во браншата од „тешка категорија“, Финејас Груп долги години се потпира на камионите на Мерцедес-Бенц во проширувањето и обновувањето на возниот парк. Литванската компанија располага со возен парф од преку 1.500 камиони.
Шампионската нарачка за Мерцедес-Бенц годинава се однесуваше за 500 камиони Актрос 1845 ЛС 4х2, опремени со најновата генерација на моторот ОМ 471, со моќност од 449 КС.
Сите нарачани камиони располагаат најмалку со МирорКем (систем од дигитални ретровизори и камери), интерактивен мултимедиски кокпит и со важните системи за асистенција: Актив Брејк Асист од 6-та генерација, Актив Сајдгард Асист 2 (предупредува при велосипед или пешак во подрачјето веднаш десно пред возилото, што е вон видното поле) и Фронтгард Асист.
Предавањето на последните камиони од нарачката се одвиваше на свеченост во центарот за клиенти на Мерцедес-Бенц Камиони во Верт.
Гостите на настанот можеа да погледнат како изгледа производството на камионите, но и да се запознаат со големиот свет на камионите Мерцедес-Бенц, коишпто сега се посебна компанија од автомобилите, што независно котира на берзата.
Финејас Груп е компанија за транспорт што работи глобално и има седиште во Литванија. Основана во 1994 година, компанијата денес вработува над 3.000 лица и располага со возен парк од преку 1.500 камиони.
View this post on Instagram
















