Автопилотот на Мерцедес доби дозвола да вози до 95 км/ч

Мерцедес-Бенц доби дозвола да го подотпушти системот за целосно автоматско возење Драјв Пилот. Од следната пролет, С-Класа и нејзиниот електричен пандан, ЕкуС ќе можат да се пуштат по аутобанот без контрола на возачот, до брзина од 95 километри на час.

Со одобрението од германската Сојузна служба за моторен сообраќај, којашто е надлежна за сите прашања околу автомобилизмот во земјата, Драјв Пилот ја поседува „најбрзата“ дозвола да управува самостојно со возило од сериско производство.

Цената на овој напреден систем останува иста, односно почнува од 5.959 евра. Во возилата во коишто е вграден системот ќе може да се вчита освежен софтвер, исто како во мобилен телефон, со што и тие возила ќе можат да возат со 95 км/ч.

Главниот техничар во Штутгарт, Маркус Шефер, има големи очекувања: „Убеден сум, дека со нашата посветеност што се темели врз безбедност, на вистински пат сме, за и во поблиска иднина да можеме да прославуваме нови пресвртници во автоматизираното возење.“ А, тоа не значи друго, туку качување на лимитот над 95 км/ч.

Драјв Пилот може да се вклучи само на автопат и на одредени делници. Досега се постапуваше претпазливо, за разлика од озлогласениот и технолошки инфериорен автопилот на Тесла, и се дозволуваше технологијата да зафати само при брзина до 60 километри на час, при метеж по аутобанот.

Системот отсега ќе дозволува поголемо темпо и ќе може да се користи почесто, доколку се вози по десната лента и зад возило напред. Мерцедес-Бенц без резервираност порачува дека возачката или возачот во тие моменти ќе може слободно да се посвети на други нешта, односно да се гледа филм, да се прочита нешто на нет, да се работи или едноставно да се ужива.

Безбедноста е основно начело, сите системи се удвоени

Тоа важело отсекогаш, во Мерцедес-Бенц е најважна безбедноста. Во врска со Драјв Пилот, сите функции, што се поврзуваат со електриката, управувањето и сопирањето, изведени се двојно.

Возачот може да преземе контрола во секое време, а доколку тој или таа не се реагира, возилото самостојно ќе се упати и ќе запре на помошната лента.

Целиот систем се состои од 35 сензори, односно од камери, радари, сензори за ултразвук и ласерски радар (ЛиДар). Според класификацијата, Драјв Пилот е автопилот од 3-то ниво на САЕ, а во тој слуај ЛиДар е неиоставен во арсеналот. Прецизноста е до сантиметар.

Во Германија во моментов е дозволено автопилотските системи да контролираат до 130 км/ч. Мерцедес-Бенц очекува дека ќе може да го понуди тоа темпо во својот Драјв Пилот уште пред завршетокот на деценијава.

Кога е пуштен да управува Драјв Пилот, Мерцедес-Бенц планира во иднина да користи посебни светла со тиркизна боја, за на тој начин да укаже на сообраќајот околу, дека со автомобилот управува автопилот. Тоа сé уште е недозволено во Германија, меѓутоа се вршат тестирања во Калифорнија и Невада, каде што се стекнати позитивни искуства.

Претходна објаваТојота, Џенерал Моторс и Форд донираа по милион долари за инаугурацијата на Трамп
Следна објаваКинеските електрични автомобили наидоа на ѕид откако ЕУ им одреди високи царини

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here