Тојота ќе произведува електрични Лексуси во Кина

Концептот со електричен погон Лексус ЛФ-ЗЦ имаше премиера на салонот во Пекинг што се одржа во април.

Компанијата ќе врши монтажа на модели од луксузната марка Лексус во новата фабрика во Шангај, пишува Никеи, повикувајќи се на неколку извори.

Тојота има искуство во Кина преку заеднички инвестиции со домашните производители, меѓутоа јапонската компанија ќе ја гради новата фабрика самостојно и само за свои потреби.

Се очекува фабриката да почне со работа во 2027 година.

Претставник на Тојота изјави за Ројтерс дека содржината на извештајот не била објавена од компанијата.

Јапонските и останатите производители од западот живеат тешки времиња во Кина, во време кога целиот пазар се префрлува масовно на електрични возила, додека во исто време се создаваат нови моќници во производството на автомобили во Кина, како БИД.

Со преоѓањето на гига леење, место од стотина делови, главните каросериски потструктури ќе се изработат од само еден или два дела. Концептот Лексус ЛФ-ЗЦ на Токио Мобилити Шоу

Додека останатите производители се повлекуваат или го смалуваат присуството во Кина, се чини дека Тојота вложува двојно на најголемиот пазар во светот.

Намерата на Тојота е да достигне најмалку 2,5 милиони произведени возила во Кина во 2030 година, објави Ројтерс. Со промените се приближуваат продажбата и производството, и воедно им се дава поголема слобода на директорите при развојот на новите модели и технологии.

Претходна објаваХонда и Нисан ќе се здружат во холдинг, со Хонда на возачкото место
Следна објаваПроизводството на автомобили во Британија во ноември падна на ниво на 1980-та година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here