Студенти во Чешка го снимаа и сликаа „алурот“ на Пежо

Победничката фотографија што најдобро го долови значењето на Алур, преку електричните автомобили на Пежо

Проектот именуван „Капчур Алур“, односно улови ја привлечноста, што огранокот на Пежо во Чешка го оствари во соработка со студентите на прочуениот прашки институт Масарик, имаше за цел да ја промовира електромобилноста и нејзините предности. Од тоа произлегоа мошне вредни фотографии и видеа.

Целите на проектот најдобро ги објасни директорката на маркетингот на Пежо во Чешка, Ирина Новакова: „Алур, заедно со Емоушн и Екселенс, се едни од главните столбови на марката Пежо. Зборот Алур нема еднозначен еквивалент во чешкиот јазик, и затоа решивме да го опишеме преку слика“. Така и се случи.

За да учествуваат во проектот, студентите требаше да се здружат во групи од два до пет члена. Секоја група добиваше на располагање три електрични автомобили на Пежо: Е-208, Е-308 и новиот Е-3008.

Нивна задача беше да го искажат Алур, преку фотографија или видео, да опишат што порачува нивното дело, како тоа ја доловува привлечноста на марката, и како студентите имаат намера да го прикажат своето дело на друштвените мрежи.

Секако дека трудот и креатувноста се наградуваше, со 25.000 чешки круни за најдобро видео (околу 1.000 евра) и 15.000 круни за најдобра фотографија (околу 600 евра).

За учество се пријавија 62 студенти, во 23 тимови. Резултатите секако дека се вредни за внимание.

Второнаградена фотографија

Третонаградена фотографија

Најдобро Видео · Сандра Малкова

Второнаградено видео

Третонаградено видео

Претходна објаваНисан и Хонда преговараат за можно спојување, доаѓа и Мицубиши
Следна објаваЛамборгини го одложи електричниот модел за 2029, пазарот не бил подготвен

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here