Мерцедес АМГ ГТ 55 во Мак Аутостар: Како да е дојден од паралелен свет

Тоа е продолжение на безгрешната лоза на престижни модели на Мерцедес-Бенц, што влече корени од најпрочуениот спортски автомобил на сите времиња, во фабрика познат како В 198, а за светот 300 СЛ или Галвинг. Покрај овој денешен АМГ ГТ, лесно е да се замисли дека слично било чувството кога во средината на 1950-те години човек ќе застанел покрај 300 СЛ.

Каросериските форми што се разликуваат од лимузина или СУВ денес се привилегија само на премиум производителите. Купе, кабриолет, родстер, тоа денес постои само во понудата на Мерцедес-Бенц, па нагоре. Не е само до коњските сили, туку е многу повеќе до името, и до умешноста. Неопходна е заднина, историја.

АМГ ГТ тоа го има во изобилсво, без разлика дали ќе се повлече паралела со самиот В 198, односно 300 СЛ, или малку подоцна во близу 140-годишната историја на оваа куќа, со В 113 односно 230 СЛ од 1963 година, па сите моделски серии натаму.

Основата на ГТ е идентична со родстерот СЛ, двата развиени како независни модели од Мерцедес-Бенц, односно од сопствен развој на Мерцедес-АМГ. Третиот модел ќе им се придружи наскоро, тоа е новиот ГТ со 4 врати, а АМГ првпат ќе вклучи во својата понуда и СУВ од висока класа, меѓутоа како чисто електричен модел.

Моделската гама на АМГ ГТ се состои од пет погонски изведби

  • ГТ 43 со 2,0-литарскиот бензинец од АМГ А 43, со 421 КС и цена во Германија од 119.585,05 евра
  • ГТ 55 4Матик+ со 4,0-литарски битурбо Ве-8 со 476 КС и цена во Германија од 168.759,85 евра
  • ГТ 63 4Матик+ со 4,0-литарски битурбо Ве-8 со 585 КС и цена во Германија од 190.191,75 евра
  • ГТ 63 Про 4Матик+ со 4,0-литарски битурбо Ве-8 со 612 КС и цена во Германија од 219.674,00 евра
  • ГТ 63 С Е Перформанс, како приклучен хибрид со 816 КС и 2,8 секунди до темпо сто и цена во Германија од 219.674,00 евра

Салонскиот примерок во видеото е во изведбата ГТ 55, со раскошен зафат во понудата од дополнително опремување и изработка по нарачка. Цената на возилото не е наведена, истото е донесено по нарачка и веќе е продадено.

Тоа што АМГ го нуди како опција е пакет за аеродинамичност што меѓу другото содржи заден спојлер и крилца во предниот браник (3.510,50 евра според германскиот ценовник, сите цени понатаму важат за тој пазар). Следен чекор е спојлерите да бидат изработени од карбон (5.117,00 €). За хромираниот украс во предните крила треба да се посегне по пакетот АМГ Хром Пакет за надворешност, вреден 1.130,50 €.

ГТ стандардно располага со изобилство од опрема и техника, вклучувајќи дигитални светла со проекција, камера во 360 степени, греење на волан, амбиентално светло и генератор на звук во кабината. Доколку се избира повеќе од тоа, АМГ го вградува пакетот Премиум Плус (+8.425,20 €), што содржи напа кожени седишта со масажа и вентилација, аудио систем Бурместер, проекциски дисплеј, панорамски покрив, навигација со унапредена реалност и др. (избрано кај салонскиот примерок).

Специјалните мат бои на Мануфактур чинат преку 7.000 евра, тркала од 21 инчи како на салонскиот модел чинат 2.677,50 € доплата, за седишта АМГ Пеформанс со зајакнати страници треба да се смета на уште 4.426,80 €.

Посебна опција е пневматика за предната оска, што го подигнува носот за 30 милиметри, за да се спречи оштетување кога нема доволно простор до пречката на патот. Тоа што најмногу импресионира од опциите се карбон-керамичките сопирачки, препознатливи по бронзените сопирачки клешти – со цена од 8.925,00 €.

Мерцедес, односно АМГ, го облагородува доживувањето со тоа што „не се сведува сé само на КС и спојлери“, туку секој детал е различен и напредуван од тоа што сцената има научено да го препознава како лускуз. Боите, материјалите, комбинациите, сето тоа го издигнува ГТ и плени со свежа благородност.

Ова е патем истиот производител, што уште пред триесетина години ангажираше врвни психолози во својот тим за развој на возила, што меѓу другото требаше да „измери“ како треба да лизгаат и да се влежиштуваат прекинувачите и општо командите во кокпитот, за возачите и корисниците да го доживуваат тоа како луксуз. Денес, тоа резултира во ГТ и сé останато.

Претходна објаваВремето во Киа отсега се брои пред и по отворањето на новиот центар
Следна објаваПремиум марката на Ситроен против БМВ и Мерцедес со досег од 750 километри

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here