Својот највисок пазарен удел, марката не го постигнува во домашната Италија, туку во Бразил. Со 20,9 проценти учество на пазарот, Фиат е неприкосновен на 7-от најголем автомобилски пазар во светот. Фиат Страда е главниот модел врз којшто се темели надмоќта на марката во Бразил.
Во Италија, пазарниот удел изнесува 11 проценти. Најпродавана е Фиат Панда. Секако дека солидни финансии носи и продажбата на доставните модели. Дукато и Добло ѝ обезбедуваат на најиталијанската од сите италијански марки водство на пазарот на доставни возила.
Малку е повисок уделот што Фиат го постигнува во Турција, со 11,5 проценти. Во Алжир веќе може да се зборува за супериорност, покрај учeствоto од 60 проценти. Најпродавани модели таму се Фиат Типо и Добло, соодветно.
Фиат ја привршува славеничката 125-та година од основањето, со одлични резултати во првите единаесет месеци на своите домашни пазари, Јужна Америка, Европа, Средниот Исток и Африка. Домашни се, затоа што Фиат произведува таму.
Шефот Оливие Франсоа за следната година најавува засилување на пазарното присуство на Фиат во Европа, со почетокот на продажбата на Гранде Панда и на 500 Хибрид – новата изведба на Чинквеченто што досега се произведуваше само во целосно електрична изведба.

Бразил
Фиат владее со бразилскиот пазар и годинава го постигна своето највисоко учество на пазарот на пикапи, со продадени преку 182.000 возила и удел од 42,8 проценти. Само Фиат Страда учестрвува со 128.000 примероци.
Само во ноември, Фиат до Бразил продаде 49.000 возила, за 7.500 возила повеќе од втората најпродавана марка. Вкупно до ноември се продадени 471.000 возила, или за 109.000 возила повеќе од вицешампионот. Три модели се во Топ 10, на Фиат Страда ѝ се придружуваат Арго (5-ти, 84.000 возила) и Моби (8-ми, 62.000 возила).
Италија
До ноември, Фиат го задржа водството на пазарот на патнички автомобили со удел од 9,4 проценти, односно 23,8 проценти кај доставните возила – што дава просек од 11 проценти. Прв модел е Панда, со удел од 56,7 проценти во градската класа. Тополино води меѓу лесните четирицикли со 37 проценти. Доставниот Дукато до ноември постигна 43.000 продажби, што одговара на удел од 24 проценти. Моделот води и во сегментот на електрични доставни возила, со удел од 32 проценти во ноември.
Турција
Уште еден пазар каде што Фиат владее најубедливо е Турција, со удел од 11,5 проценти, односно 122.000 продадени возила. Водач е Егеа (Типо), со преку 76.000 возила.
Алжир
Одлично се развива и алжирскиот пазар, со продадени 59.000 возила до ноември и пазарен удел од 60 проценти. Најпродаван модел воопшто на пазарот е Добло, со преку 23.000 возила.
















