Минхен за престојните верски празници го сними филмот именуван „Дас Гешенк“, подарокот. Приказната е околу малечкиот Тим, кој сака на својата сакана бабичка да ѝ подари нешто посебно за Божик.
Со бабата во кусиот филм, која уште од својата младост вози БМВ 1500, тогаш најавувана како Ное Класе, нова класа, поради коренитите промени што таа ги донесе во моделската понуда на баварската марка, и со младиот Тим, што в година ќе посведочи на појавувањето на новата Ное Класе, БМВ сака да укаже на фактот дека уживањето во возењето трае со генерации во оваа марка.
Приказната во филмот почнува со прошетка низ градскиот центар што е украсен за празникот. Седумгодишникот Тим и неговите родители бараат божикен подарок за бабата. Ниту еден од подароците што ги предлагаат родителите, не му се допаѓа на Тим. Тој одненадеж го здогледува вистинскиот подарок.
Кога бабичката подоцна ќе го отвори огромниот пакет, се покажува што е тоа што толку му се допаднало на малиот Тим. Тоа е детско седиште БМВ Јуниор Сит. Работата е јасна: Детето сака да се вози во старата лимузина Ное Класе на баба му.
Филмот е снимен во Виена, а во заднина во завршните кадри се слуша божикниот класик „Кристмас Ин Холис, на хип-хоп бендот Ран Ди Ем Си од САД.
Во верзијата од 100 секунди, филмот ќе се прикажува на јутјуб, линкдин и инстаграм. На тв-каналите во Германија ќе се гледа верзијата од 60 секунди за време на божикниот празник.















