ЕУ ќе помага производство на батерии за ЕВ што користи помалку суровини од Кина

Шкода произведува батериски модули за вградување во возилата од концернот Фолксваген

По распишувањето на конкурсот за грантови за батерии за електрични автомобили, Европската Комисија напомена дека ќе им дава предимство на проектите што користат помал удел на катоди, аноди и активни материјали од Кина. Исто така се бара технологијата да потекнува од Европа. Патентите што се содржани во проектите што ќе се изберат да добијат помош од ЕУ, исто така мора да бидат регистрирани во некоја од земјите членки на Унијата.

Во други две иницијативи што беа објавени на 3-ти декември, за финансирање на технологии со нулта емисија на штетни материи и за проекти за водород, ЕУ исто така постави услови што им одат во прилог на домашните производители.

Овој чекор е дел од поширока политичка определба, којашто има за цел да се сочува производството во Европа, во време кога регионот минува низ тешка економска пресвртница и емисијата на штетни гасови треба да се смали драстично до 2050 година.

„Сите три конкурси вклучуваат критериуми што имаат за цел да ја зајакнат европската индустрија,“ кажа Тереза Рибера, новата потпретседателка на Комисијата, задолжена за чиста транзиција. „Конкурсите за батериите и за водородот исто така вклучуваат одредени критериуми со цел Европа да избегне да биде зависна од само еден снабдувач.“

ЕУ притиска за производство на водород

Во конкурсот за средства во висина од вкупно 1,2 милијарда евра, наменети за засилување на производството на водород, проектите што ќе се изберат мора да ограничат изворот на електролизери од Кина да не надминува 25 проценти од вкупниот капацитет.

Во конкурсот за 2,4 милијарди евра што се наменети за технологии со нулта емисија на штетни материи, меѓу критерумите за избор спаѓа оценување дали проектот може да го исклучи снабдувањето со клучни суровини или компоненти од земји од коишто ЕУ е зависна.

Унијата е зависна од Кина, меѓу другото, во производството на соларни панели и компоненти за нив.

Електрична Г-Класа во Мак Аутостар

Претходна објаваОткако остана без снабдување со седишта, Инеос продолжува со производство
Следна објаваПремиум марката на Ситроен се подготвува за електричниот знаменосец Но. 8

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here