Целосно електричниот кросовер ќе ја замени лимузината од средна класа ДС 9, како врв во понудата од модели на премиум марката на Стелантис. ДС кон завршетокот на ноември прикажа слика од маскираното СУВ-купе, што ќе постигнува досег до 750 километри.
Моделите на ДС досега се обележуваа само со број, на пример, ДС 3 или ДС 7, верно на наследството што марката го влече од оригиналниот Ситроен ДС 19 од 1950-те години.
ДС соопшти дека новото означување – со „о“ напишано во горен индекс – се раководи според францискиот јазик, „затоа што го претставува начинот на којшто вообичаено се пишуваат бројките на француски јазик.“
Од премиум марката што е произлезена од наследството на Ситроен, додаваат дека промената во означувањето на моделите ги отелотворува „елеганцијата и безвременоста коишто произлегуваат од јазиците.“ Зборовите „ДС Аутомобиле“ ќе се протегаат по целата ширина на каросеријата.
ДС објави и слики со дизајнот од кокпитот на новиот знаменосец, со голем средишен дисплеј што доминира. Дигиталните инструменти се поставени директно пред воланот со краци во форма на Х. Звучниците покриваат голем дел од облогата во вратите. Средишната конзола исто така е значително поедноставена во споредба со тековните модели на ДС.

Марката планира два модели врз платформата СТЛА Медиум на концернот. Но. 8 и моделот по него ќе се произведуваат во Италија, во фабриката во Мелфи. Вториот новитет доаѓа како замена за компактниот СУВ-модел ДС7. Извршниот директор Оливие Франсоа најави дека производството ќе почне во првата половина од 2025 година.
















