Мерцедес од серијата 113 е неизоставен дел од сцената на олдтајмерите и меѓу главните носители е на имиџот на марката. Негова слика ќе се види и на ѕидовите на новоотворениот Мерцедес Лаунџ во Скопје, а нема да го пропуштат ниту љубителите на мотоспортот.
Мерцедес 113 има многу лица. Тој е познат под прекарот пагода, затоа што обликот на цврстиот покрив за родстерот потсетува на азиските храмови. Тој е воедно и прв спортски автомобил во светот, со безбедносна каросерија. Овој навидум нежен дизајн се има докажано и на рели, на Спа-Софија-Литих долго 5.500 тркачки километри.
Луѓето во музејот на Мерцедес-Бенц во Штутгарт имаат многу работа. Историјата на марката со сребрената ѕвезда е неисцрпна. Посебно внимание заслужуваат поставките во „Клоуз-ап“, каде што буквално се враќа времето. Таква поставка деновиве е Мерцедес-Бенц 230 СЛ Пагода од 1964 година.
Името Пагода доаѓа од препознатливиот цврст покрив на спортскиот автомобил, што е впуштен во средината и со тоа потсетува на азиските храмови. Тој е дело на Пол Брак, кој во 1957 година станува прв човек што работи во „главното одделение за развој на надградби (каросерии) на патнички возила“ во фабриката во Зинделфинген.
Тоа што сцената препозна пагода во обликот на покривот е случајност. Пол Брак го нацрта тој изглед без да влече паралели со источната архитектура. Едноставните форми и лесната појава создаваат благородна елегантна линија. Брак и по неколку децении, за своето дело В 113 велеше дека е „совршено“.
Идејата за конкавниот покрив дојде од еден техничар. За крутоста на каросеријата на моделите на Мерцедес-Бенц во тоа време се грижи Бела Баренjи. Тој советува дека покрив што е заоблен надолу е поцврст од покрив што е заоблен нагоре. Од друга страна, цврстината на покривот е неважна кај серијата 113, затоа што цврстиот покрив на родстерот би се користел ретко за на него да се постави носач за багаж, за скии на пример.

Името Баренји се поврзува повеќе со една друга иновација. Серијата В 111 од 1959 година е прв автомобил што поседуваше зони на гмечење напред и назад. Исто и патничката кабина е посебно безбедна. Кога во 1963 година се појави родстерот В 113, секако дека и тој ги поедуваше овие важни безбедносни унапредувања. Тоа е пресвртница во светот на спортските автомобили.
Легендарниот модел првпат се појави на салонот во Женева, одржан од 14-ти до 24-ти март 1963 година. Првата моделска иведба е 230 СЛ. Родстерот со мотор од 2,3 литри ослободува 150 КС и има големо наследство. Тој доаѓа по 190 СЛ (В 121) и по 300 СЛ Родстер (В 198), уште едни легенди на Штугарт.
Родстерот на Мерцедес е посебен по тоа што неговото подвозје не е ниту беспоштедно круто, ниту е булеварски меко. Тој е удобен и спортски двосед, со висока безбедност.

Следното поглавје почнува на 27-ми февруари 1967 година, кога е претставен 250 СЛ, којшто исто така има 150 КС, но од поголема зафатнина (2,5 литри) и со тоа располага со повисок вртежен момент. Не минува ниту една година, кога доаѓа и неговата замена, во форма на 280 СЛ, со 2,8-литарец со 170 КС.
Сцената малку знае за успесите на В 113 во мотоспортот. Легендарна е победата на Ојген Берингер и Клаус Кајзер со Мерцедес-Бенц 230 СЛ, на релито Спа-Софија-Литих. Од 27-ми до 31-ви август, се вози трка по јавни патишта, долга 5.500 километри. Берингер вели дека возилото е „танцувач“, затоа што се движи многу полесно од лимузините со долго меѓуоскино растојание.
Во март 1971 година завршува производството на 280 СЛ. Наследникот доаѓа во форма на серијата 107. Од трите моделски изведби, во осумте години се произведени вкупно 48.912 примероци.
















