Во Италија наскоро стапува во сила нов закон за патен сообраќај, што предвидува уште построги парични казни и мерки. Цел на десничарската влада на премиерката Џорџија Мелони е да се смали високиот број на загинати во сообраќајот.
Во минатата година во Италија животот го загубиле повеќе од 3.000 лица во патниот сообраќај. Поради тоа се воведуваат драстично построги парични казни и мерки за возачите на автомобили. Италијанскиот сенат ја одобри реформата на законите во патниот сообраќај.
Најстрого се постапува против управување возило под дејство на алкохол и наркотици. Во Италија е дозволено присуството на алкохол во крвта да достигне најмногу 0,5 промил. Доколку се управува возило над таа вредност, се ризикува парична казна во висина до 2.000 евра. Дополнително следи одземање на возачката дозвола во времетраење до шест месеци.
Доколку присуството на алкохол е меѓу 0,8 и 1,5 промил, казната се удвојува. Над тоа, веќе следи притворање во времетраење до шест месеци.
Политика на нулта толеранција за наркотици во возење
За возачите што управуваат под дејство на наркотици, во иднина ќе важи политика на нулта толеранција. Доколку полицијата утврди присуство на наркотици, возачот три години нема да смее да управува возило.
Станува построго и за користење телефон. Возачите што држат телефон, разговараат додека возат или се допишуваат, мора да сметаат на казна до 1.000 евра.
При повторување на прекршокот, казната се качува на 1.400 евра, но следи и одземање на дозволата до три месеци. Возачот шест месеци останува без дозвола, доколку предизвика незгода и се утврди дека користењето на телефонот било причина за незгодата.
Остро против брзите возачи
Пречекорувањето на брзината се казнува построго од кога било досега. Доколку дозволената брзина се пречекори за повеќе од 10 километри на час, предвидената казна досега до 700 евра. Во населено место и при повторување на прекршокот во рок од една година, казната се качува на 880 евра и се одзема дозволата на 15 до 30 денови.
















