
Бројот на вработени ќе достигне неколку илјади до завршетокот на 2025 година, соопштија од компанијата. Прометот „за само неколку години“ ќе надмине 100 милиони долари, кажа Ворен Харис, извршен директор на Тата Технолоџис, при претставувањето на деловните резултати на компанијата на 28-ми октомври.
Заедничката компанија започна со работа на 1-ви ноември. Меѓу првите проекти е пишувањето софтвер што е извесно дека ќе се користи кај електричните автомобили од генерацијата Ное Класе на БМВ. Нивното производство почнува в година.
„Тоа е самиот темел на целиот софтверски пакет на БМВ“, изјави во телефонско интервју со Аутомотив Њуз, Нахикет Пранџпе, шеф за автомобили во Тата Технолоџис.
БМВ ТекВоркс Индија им се придружува на партнерствата во Романија, Кина, Португалија
Заедничката компанија е со седишта во Пун, Бангалор и Ченај. Таа ќе се сосредоточи на пишување код за возилата што се базираат на софтвер, вклучувајќи автоматско возење и инфозабава, како и софтвер за поддршка на производствените активности, додава Пранџпе.
БМВ ТекВоркс Индија им се придружува на БМВ ТекВоркс Романија, што беше основана во јули со НТТ Дата; БА ТекВоркс во Кина, основана во 2021 година заедно со Арчермајнд; и Критикал ТекВоркс во Португалија, стартувана во 2018 година, заедно со Критикал Софтвер.
„Меѓу најважните атракции на Индија е тоа што во земјата постои изобилство од таленти, а ни бараа многу таленти,“ раскажува Пранџпе за БМВ. „Сега можеме да развиваме целосен софтверски производ.“
Производителите на автомобили го насочуваат погледот кон најнаселената земја во светот, затоа што очекуваат тоа да биде нова Кина, во поглед на продажбата на возила. „Тоа не е само корисен извор на инженерски таленти, туку и игра за да се влезе на голем пазар,“ кажува Пранџпе. „Тоа е долгорочна визија за сите производители на автомобили.“

БМВ сака сопствен софтвер за да ги контролира трошоците и роковите
БМВ сака да да го поседува софтверот што ќе се создаде. Тоа е различно од поранешната стратегија, кога такви задачи им се препуштаа на добавувачите од прв степен. Намерата е да се има контрола.
„Секогаш кога некој производител на автомобили сакаше да изврши каква било промена, тој ќе се најдеше во безизлезна ситуација и добавувачот од прв степен можеше да побара и рака и нога за да изврши најмала промена,“ објаснува Пранџпе. „Ова е стратегија за намалување на ризикот, со којашто треба да се задржи контрола над софтверот, за трошоците и крајните рокови да не излезат од рамките.“
Тата Технолоцис веќе работи како добавувач на софтвер и инженерски услуги за ЈЛР, којашто е уште една компанија во Тата Групација. Огранокот ги снабдува и производителите во САД и Кина, за возила што се базираат врз софтвер, кажува Пранџпе, без да навлегува во подробности.
Меѓу останатите инежерски проекти на Тата спаѓа испорака на електрични возила според принцип сврти-клуч за виетнамски ВинФаст и работа за Агратас, компанија за батерии на Тата.
Основањето заедничка компанија со БМВ следи откако Тата Технолоџис во2020 година почна соработка со добавувачот ГКН Аутомотив, за организирање глобален центар за инженеринг за електрични возила во Бангалор.
Како што ќе се развива, Тата Технолоџис ќе работи и на други бизниси, освен со БМВ ТекВоркс.















