
ЈЛР објави слики од изведбата со целосно електричен погон на својот знаменосец, без какво било маскирање, при тестирањето во Обедитетите Арапски Емирати, на температури од преку 50 степени Целзиусови.
Инженерите ја проверуваа способноста на батеријата да се лади, заедно со новиот систем за контрола на распределбата на вртежниот момент при возење по терен. Новиот систем за миг ја префрлува моќноста кон тркалата што имаат најдобар допир со подлогата, соопшти ЈЛР.
Извршниот директор на ЈЛР, Ејдријан Мардел, во почетокот на месецов кажа дека 48.000 потенцијални купувачи се пријавиле за листата на чекање за испорака на електричниот СУВ. Тој ќе се продава заедно со новиот Рејнџ Ровер со мотори со внатрешно согорување.
Двата модели ја користат истата платформа МЛА, што е приспособлива, односно дозволува користење бензински, дизел, приклучен хибриден и целосно електричен погон.
Рејнџ Ровер Електрик требаше да отпочне со продажба уште годинава, меѓутоа планот се одложи, затоа што ЈЛР го забавува темпото на претставување на своите нови модели со електричен погон.
Преднарачките за ексклузивниот СУВ ќе почнат во 2025 година, а првите возила ќе бидат испорачани кон завршетокот на годината. Мардел го изјави тоа пред новинарите, за време на претставувањето на деловните резултати за последното тромесечје што заврши во септември.
Погонот на Рејнџ Ровер Електрик се тестираше по песочните дини во Обедитетите Арапски Емирати
Рејнџ Ровер Електрик ќе им биде соперник на Мерцедес Е-Ку-С СУВ и на Лотус Елетре, како и на идната електрична изведба од Порше кајен и првиот електирчен авотмобил на Бентли, што се очекува во 2026 година, и се претпоставува дека тоа ќе биде СУВ.
Продажбата на луксузните електрични автомобили врви тешко во светски рамки, вклуќувајќи ја Кина, каде што купувачите досега им даваа предимство на луксузните модели со мотор со внатрешно согорување.

ЈЛР го позиционира Рејнџ Ровер Електрик како уште поексклузивна изведба од моделот со мотор со внатрешно согорување, со уште повисоки перформанси и со „речиси нечујно“ возење. Автомобилот ќе користи 800-волтна архитектура што овозможува брзо полнење.
Куса проба на електрична Г-Класа во Мак Аутостар















