
Овој чекор е дел од сеопфатните напори за смалување на јавните трошоци и има за цел да спречи натамошно продлабочување на дупката во државниот буџет.
Тоа само ги зголемува главоболките на производителите, коишто се соочуваат со забавување на побарувачката на електрични автомобили.
„Владата останува цврсто посветена на електрификацијата на патничките возила… но состојбата со буџетот е крајно сериозна,“ изјави пред новинарите владин службеник.
Владата исто така има намера во 2025 година да ја скуси помошта за електрификација на возниот парк на околу 1 милијарда евра, наспроти повеќе од 1,5 милијарда евра годинава.
Околу 70 проценти од скусениот фонд ќе бидат наменети за помош за купување возила, додека останатата сума ќе биде наменета за помош за доставни возила и за покривање на т.н. план за социјален лизинг, којшто е наменет за домаќинствата со пониски примања.















