Европската Унија и кинеските претставници разговараат околу алтернатива за царините што ЕУ ги наплаќа за увоз на електрични автомобили од Кина. Главно се разговара околу договор за минимална цена, под која што ЕВ од Кина не смее да се продаваат во Унијата. Европските претставници велат дека уште е далеку од договор.
Претставниците се повикуваат на коментарите што претседателот на комисијата за трговија на Европскиот Парламент ги даде за германски тв-канал. Бернд Ланге изјави дека е блиску до тоа да се постигне договор меѓу блокот со 27 членки и Кина, за царините да се заменат со друго решение.
Европски службени лица, што побараа да останат анонимни, поради чувствителноста на преговорите со Пекинг, кажуваат дека тоа не е вистина, затоа што преговорите продолжуваат и сé уште остануваат пречки што одложуваат да се постигне договор.
Една од можностите што се земаат предвид е да се постави минимална цена за електричните автомобили што се увезуваат од Кина, со цел да се зголеми нивната цена на европскиот пазар. Унијата по долга истрага заклучи дека цените се спуштаат вештачки, со голема помош од страна на државата.
Кина уште нема излезено во пресрет на строгите барања на ЕУ, со коишто треба да се гарантира применливоста на секаков договор и се сложува со заштитните царини што Унијата ги прифати во минатиот месеци, изјавија службени лица на 25-ти ноември.
Брисел и Пекинг сé уште се разидуваат околу можноста да се постигнат договори со одделните производители, вклучувајќи ги европските производители на автомобили што имаат заеднички инвестиции со кинески компании.
ЕУ во минатиот месец ги усвои конечните царини во висина до 35 проценти, дополнително на десетте проценти царина што важат од претходно. Тие ќе останат на сила во следните пет години, доколку не се постигне друг договор.
Кина се закани дека соодветно ќе одговори на заштитните мерки на ЕУ преку царините, и ќе воведе соодветни царини за млечни преработки, свинско месо и жестоки пијалоци. ЕУ во понеделникот побара констултации со Светската Трговска Организација, околу намерата на Кина да воведе царини за алкохолните пијалоци.
















