ЕУ ја сети силата на Кина, постигнат е технички консензус околу царините

Електрични возила на Зикр, марка на холдингот Џили, подготвени да запловат кон Европа од пристаништето Тајцан, Кина.

Двете страни изнаоѓаа заедничко решение за т.н. обврзна цена – тоа е сложен механизам што има за цел да ги контролира цените и бројот на возила за извоз, и со него во основа се избегнува примената на царини.

Кина и Унијата одржуваа преговори од 2-ри до 7-ми ноември, и по нивното завршување соопштија дека постигнале „технички напредок“, за во текот на престојната седмица да продолжат со преговорите.

„Консензусот за обврзни цени опфаќа извесни спогодби што двете страни ги постигнаа во овој круг на преговорите околу општата рамка, што воедно укажува дека двете страни имаат волја да ги насочат своите ресурси во преговори околу основните интереси и се движат кон истата цел,“ објави ЦЦТВ на 16-ти ноември, повикувајќи се на извори чијшто идентитет не се наведува.

ЕУ цени дека постигнала мошне мал напредок во преговорите и Унијата во моментов не гледа изгледи дека брзо ќе се постигне договор, објави Блумберг Њуз. Објавите дека Кина не ѝ дала задоволителен предлог на ЕУ и дека се мали изгледите за постигнување договор, претставуваат „намерно одвлекување на вниманието на јавноста и го попречуваат процесот на преговори,“ пренесоа ЦЦТВ, без наведат кои се тие објави.

Првиот дел од тестот на Фортинг Т5 Ево со хибриден погон, за него нема екстра царини

Претходна објаваРено Меган Е-Тек по 100.000 километри на струја: Како е батеријата?
Следна објаваРено подготвува седум нови модели што ќе ги претстави до 2027 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here