Електричните автомобили ја качија продажбата за 35 проценти – во светот, Европа одвај учествува

Електричен Нами Бокс е следното изненадување што Донгфенг ни го донесува на македонскиот пазар годинава, по Фортинг Т5 Ево, Фенгон Глори 600 и Еолус Шајн

Октомвриската продажба на електрични автомобили во светот забележа раст од преку една третина, меѓутоа уделот на Европа во тој раст е безначаен.

Наспроти растот од 35 проценти во светски рамки, електричните автомобили во Европа во минатиот месец имале раст од само 0,8 процент. Утешна вест е тоа што продажбата во Европа во последните два месеци ја надмина продажбата во соодветните месеци лани. Ројтерс дознава од директорот на агенцијата Ро Моушн, Чарлс Лестер, дека ноември и декември по традиција донесуваат силна месечна продажба.

Покрај тоа, целта што ЕУ ја има поставено за да ја смали емисијата на ЦО2 за следната година, може да води кон тоа, производителите преку спуштање на цените да почнат да притискаат за зголемување на продажбата на електрични автомобили, затоа што на тој начин ќе се исполнат целите на ЕУ и производителите ќе ги избегнат милионските казни, кажува Лестер.

Производителите треба да се доведат во согласност со новите правила ЕУ до завршетокот на 2025 година. Според тие правила, границата за просечната емисија од сите возила што ќе ги продаде еден производител на годишно ниво, во иднина ќе изнесува 95 грами ЦО2 за километар. Тоа е значително спуштање на границата, наспроти просекот од 106,6 грами ЦО2 за километар што важеа за 2023 година.

Со 1,2 милион, Кина постигна рекордна месечна продажба на електрични автмобили. Во САД и Канада, продажбата на ЕВ се зголемила за 11 проценти, на 160.000 возила. Европа дојде до само 260.000 електрични возила во октомври. Тоа е незначително подобрување во споредба со лани, но пак е за 14 проценти под резултатот од септември.

Во остатокот од светот, продажбата се зголеми за 11 проценти.

„Кинескиот пазар на ЕВ не покажува знаци дека забавува, додека влегува во последните два силни месеци во продажбата на автомобили годинава,“ кажуваат од Ро Моушн.

Вкупната продажба на патнички возила во Кина во октомври порасна за 11 проценти, покажаа податоците од Кинеското Здружение за Патнички Автомобили во минатата седмица. Прв е домашниот шампион со електрични возила, БИД.

Зошто е важен и најмалиот раст во продажбата на електрични автомобили во Европа

Европскиот автомобилски пазар се соочува со предизвици, вклучувајќи високи трошоци за производство, менаџирање со преоѓањето на ЕВ, како и притисок од поевтини возила од кинеските соперници.

Електрична Мерцедес Г-Класа во Мак Аутостар

Претходна објаваМини Џон Купер Воркс отсега го има во пет варијанти
Следна објаваСитроен нема намера да го враќа Спачекот во понуда, тврди шефот Коскас

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here