Мини Џон Купер Воркс отсега го има во пет варијанти

Целото семејство Џон Купер Воркс собрано: Мини Купер во класична и кабриолет изведба, Кантримен, електричен Ејсмен и ист таков Купер.

Заљубениците во мотоспортот првпат можат за својот Мини Џон Купер Воркс да избираат меѓу две чисто електрични изведби и три чисто бензински изведби со турбонатполнење.

Новината за возачките и возачите што се уверени дека електричниот погон нема да им го попречува нивните очекувања за моќ и возни својства во врвните спортски изведби на Мини, е во тоа што сега можат да се решат за класичната каросериска изведба со три врати Мини Џон Купер Воркс Електрик или за Ејсмен, што патем се нуди единствено во електрична изведба.

Кој сака на тоа да додаде и резерва за возење надвор од асфалтот, го има на располагање Кантримен, каде што следи погон на сите тркала Ол4. Петорката ја заокружуваат класичниот тривратен Џон Купер Воркс и неговата кабриолет изведба

Според Минхен – за потсетување, Мини е дел од групацијата БМВ – архитектурата на целосно електричните модели на Мини е „како измислена за карактерот на марката што целосно е насочен кон перформанси.“

Во тривратниот Џеј-Си-Ви се добива досег од најмалку 363 километри, додека во Ејсмен со исторската ознака на Мини следи автономија од најмалку 344 километри. Моќноста е 258 КС, вртежниот момент достигнува врв на 350 њутнметри. Краткотрајно, при притискање на педалот до крај, следат екстра 20 киловати (27 КС).

Посебноста на Џеј-Си-Ви секако е во посебното нагодување на подвозјето, коешто има за цел да го извлече максимумот во возните својства и чувството на возење го-карт, што ја следи оваа марка уште од првиот Мини од крајот на 1950-те. Гуми со посебна спецификација се стандард.

Моќната мини-петорка се препознава и по црвено-бело-црното лого на Џон Купер Воркс што излгеда како целно знаме од мотоспортот, а уште повеќе по покривот што ја менува бојата по неговата должина, од црвена во црна. Црни прагови, аеро-насочувачи во задните столбови и нагласен заден спојлер го смалуваат отпорот на воздух.

Малечки со голема крајна брзина: 250 километри на час

Во најкласичните каросериски изведби, комбилимузината со три врати и кабриолетот со знак на Џеј-Си-Ви возат со 231 КС и 380 њутнметри. Печат во возното чувство создава автоматскиот менувач со двојна спојка, што е нагоден за врвни перформанси и брзо менување степени. Спринтот трае 6,1 секунди, крајната брзина е 250 километри на час. Кабриолетот го поставува покривот за 18 секунди, до брзина од 30 км/ч.

Изгледот на оваа двојка го создаваат осумаголната црна маска со висок сјај и широки отвори, задолжително со логото Џеј-Си-Ви. Во страничните отвори за воздух во предниот браник се забележуваат црвени додатоци. Издувот е точно среде црниот дифузор назад.

Најкрупниот спринтер е Кантримен Ол4 со уважувачки 300 КС, 400 њутнметри и 250 км/ч. Наспроти отмениот примерок што беше на тест неодамна, Кантримен во врвната спортска изведба Џон Купер Воркс добива аеро-насочувачи со црвени рефлектори што ја нагласуваат ширината на каросеријата, додека задните светла, традиционално исправени, ја прикажуваат светлечката графика на Џеј-Си-Ви. Тука има и малку повеќе комоција, односно полуавтоматизирано возење од 2-ро ниво, само по автопат.

Внатрешноста донесува поголема корист, задолжително со црвено црната комбинација од бои. Црниот спортски волан е посебен за Џеј-Си-Ви, со црвени штепови и ознака за 6 часот со платно во црвено-црна боја, седиштата исто така се спортски и со многу финеси, со стил што се пренесува и во арматурната табла. Во сите топ-Мини следи аудио систем Харман Кардон.

При префрлување во режим Го-Карт, управувањето пренесува поголема директност, педалата за гас реагира побудно, на дисплејот се прикажуваат соодветни информации што им значат на спортските возачи.

Телефонот може да се користи место клуч, а кај Ејсмен постои и можност за паркирање преку телефонот.

Македонскиот ценовник на Мини наведува цена од 44.570 евра за класичната каросериска изведба на Мини Џон Купер Воркс со три врати.

Видеото од тестот на Мини Кантримен во Аутомедиа

Претходна објаваНа БМВ трипати им се позлати воланот во изборот на Ауто Билд
Следна објаваЕлектричните автомобили ја качија продажбата за 35 проценти – во светот, Европа одвај учествува

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here