Ламборгини го зголеми прометот за петтина, сите модели се барани

Прометот на Ламборгини во првите девет месеци порасна за 20 проценти и достигна 2,43 милијарди евра. Тоа се должи на долгиот список со нарачки и на високата побарувачка за сите модели што ги произведува Сант Агата.

Од јануари до завршетокот на септември, Ламборгини испорача 8.411 нови автомобили. Тоа е зголемување за 8,6 проценти во споредба со истиот период лани, кога Ламборгини првпат во својата историја испорача повеќе од 10.000 возила за една година.

Ламборгини, вреден носител на готовина во концернот Фолксваген, јави и за скок од 9,8 проценти во оперативната добивка (ЕБИТ), со 678 милиони евра во плус.

Извршниот директор Штефан Винкелман кажа дека италијанскиот производител користи од тоа што во изминатите 18 месеци биле воведени три нови модели.

Ламборгини Ревуелто

„Нашите резултати за третото тромесечје повторно одат во прилог на очекувањата дека ќе имаме уште една рекордна година, со што уште еднаш ќе го потврдиме нашето место меѓу најпрофитабилните марки во луксузниот сегмент,“ порачува директорот за финансии Паоло Рома во соопштението.

Претходна објаваОсвен тоа што погонот е на струја, сé друго е Порше
Следна објаваМерцедес Г 580: Автомобил на струја за делот од светот што не бара помош за електричниот погон да им се допадне

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here