Само предложеното скусување за 10 проценти на платата во матичната марка Фолксваген би донело заштеда од речиси 800 милиони евра годишно, наведува Ханделсблат во објавата.
Понатаму, преку откажување на бројни исплати на бонуси, награди и зголемување на платите, заштедата на годишно ниво би достигнала околу 2 милијарди евра, што е околу половина од заштедата што е поставена како цел, во вкупна висина од 4 милијарди евра, пренесува економскиот дневник.
Од Фолксваген уште се немаат јавено со одговор до агенцијата Ројтерс.
Претседателката на работничниот совет на Фолксваген, на 28-ми октомври кажа дека производителот на автомобили има намера да стави во мирување најмалку три фабрики во Германија, да отпушти десетици илјади работници и да ги смали останатите фабрики во Германија, за да постигне реорганизација, што треба да досега уште подлабоко, отколку што се претпоставуваше првично.
Со затворањето и продавањето на фабриките би се постигнала далеку помала заштеда во трошоците, наведува Ханделсблат.
Фолксваген може да ги продаде фабриките што се вишок
Фолксваген планира да ги приспособи капацитетите, но место фабриките да се затвораат, целта повеќе е да се најдат нови сопственици, доколу тоа е потребно, стои во документот.
Списокот на предлози за заштеда вклучува и мерки што се однесуваат на производството на делови и технички развој.
Документот сепак не содржи каква било информација околу можниот број на работни места што се загрозени, соопштува Ханделсблат.
















