Сузуки Свифт ги престигна Сеат Ибица и Хјундаи и20 во продажбата

Сузуки Свифт има постигнато најголем раст во продажбата во првото тромесечје од сите модели во градската класа

Новиот Сузуки Свифт со свежа сила фаќа нов залет на европскиот пазар. Според продажбата во минатиот месец, Свифт има постигнато еден од наголемите скокови во класата, со раст од 45 проценти во споредба со лани.

При неодамнешниот тест на Сузуки Свифт, еден необичен детаљ укажа на нешто посебно што го поседува овој автомобил. Тој, патем, уште е јапонски автомобил и се произведува во Сагара. Необичниот детаљ е навидум безначаен: Стрелката на брзиномерот е стилизирана и црвена. Каде може на друго место денес да се најде таква, навидум безначајна оригиналност? Денес такви детаљи се забранети, затоа што „сите“ користат една иста платформа за повеќе марки. Стилизирани стрелки во црвена боја се прескапи.

Точно така, Сузуки е сам. Ги има уште шампионските мотоцикли и го има моќниот бизнис со вонбродски мотори, коишто ѝ носат солидна заработка на корпорацијата, но Сузуки е сам, не ја дели техниката со никоја автомобилска марка. Постои соработка со Тојота, но тоа е друго.

Тоа е вистина, концерни од ковот на Стелантис или дури Фолксваген, денес учат од Сузуки. Пред близу една деценија, постоеше обид за Волфсбург да преземе контрола над Сузуки, но фамилијата не се даваше. Со право. Фолксваген дури сега почнува да го освојува пазарот што Сузуки го има како најголемо богатство и темел на стабилноста на марката, а тоа е индискиот пазар.

Индија годинава ја престигна Јапонија како трет најголем автомобилски пазар во светот, а наскоро ќе биде и пред САД, веднаш по Кина. Таму се продаваат многу возила, и се произведуваат. Тамошната продукција на Сузуки главно останува на индискиот пазар, а се извезува масовно и во целиот регион на југоисточна Азија, додека моделите за Европа се или од јапонска или од унгарска продукција. Оттаму доаѓаат „парите“ на Сузуки.

Тест · Сузуки Свифт 1.2 Хибрид · Автомобилот што не сака да порасне

Тоа што Шкода почна да го постигнува со Кушак и Славија во Индија, а наскоро и со третиот модел од локален развој и производство, Кулак, не е друго освен повторување на тоа што Сузуки со децении го постигнува таму со Марути Сузуки. Друг пример е Стелантис, којшто наскоро ќе изненади и на македонскиот пазар со новиот Ситроен Ц3, што користи придобивки од тоа што развојот на платформата Смарт Кар во најголем дел е завршен во Индија. Таму се произведува посебна изведба на Ситроен Ц3, поевтина и поедноставно, точно каква што се бара таму. Наскоро од фабриките во Индија ќе се испорачуваат полуготови модули, што ќе се монтираат во Европа, или каде било низ светот, можеби во Јужна Америка.

 

Силата на Сузуки да направи привлечен градски модел, не само евтин и обичен, како што е општата навика на браншата, туку Свифт, се гледа уште од стартот на новата генерација. Со продажба што стартуваше во април, Сузуки Свифт е на пат до завршетокот на годинава да го престигне Хјундаи и20, што патем се продава цела година. Мазда 2, односно преработена Тојота Јарис, веќе е престигната.

Тоа што го покажува вистинскиот пазарен успех на Свифт е растот во продажбата., Во споредба со лани, со претходничката, Сузуки во септември ја зголемил продажбата за 45 проценти, уште малку па за половина. Сличен раст постигнуваат само моделите на групација Фолксваген, што Волфсбург ги чуваше во резерва за време на чип-кризата, затоа што требаше чиповите да се чуваат за најскапите модели на концернот.

До 45-те проценти раст на Свифт, досегаат само уште Сеат Ибица, со раст од 49 проценти во септември, и Шкода Фабиа, со 27 проценти раст. Кинески МГ 3 напредувал за 387 проценти, меѓутоа веројатно станува збор за возила што се регистрирани од самите дилери, за да се искористат одредени придобивки. Мазда 2 исто така има висок раст од близу 80 проценти, но вкупната продажба заостанува речиси двојно зад Свифт.

Секако има и падови, Опел Корса годинава е 16 проценти зад ланскиот септември, а исто и Пежо 208 пропушта 26 проценти. Ауди А1, Мицубиши Спејс Стар, Ситроен Ц3 – што се заменува со модел од новата генерација, исто како и Ланчиа Ипсилон, сите се во минус во септември.

Целиот тест на Сузуки Свифт можете да го погледнете во видеото

Претходна објаваПоранешна шефица на Стелантис ќе работи на проширувањето на БИД во Европа
Следна објаваФолксваген планира да заштеди главно преку скусување на платите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here