(Соопштение за медиуми, Еуроимпекс) Следниве неколку денови, или подобро речено ноќи, страшни суштества повторно ќе се шетаат по улиците во потрага по „слатки“. Од сега натаму, сепак, нивните напори да останат неоткриени, пред да изведат потенцијален трик ќе бидат залудни – благодарение на новиот Опел Грандленд! (Денот на вештерките)
Со своите нови светла Интели-лукс ХД, најновата генерација на технологијата без одблесоци Интели-лукс ЛЕД, сосема новиот СУВ „произведен во Германија“, создава светлина каде што претходно имаше само темнина. Но, ова не е единствената иновација во осветлувањето која е воведена во новиот Грандленд. Тоа е исто така првиот Опел со 3Д Визор, осветлен Опел Блиц и технологијата ‘еџ лајт’. Ова го прави новиот Грандленд севкупно сјаен новодојденец кој привлекува внимание само со своите иновативни технологии за осветлување.
Демократизацијата на напредната технологија за осветлување низ различните класи на возила е традиција во Опел – и тоа трае веќе 125 години.
Попрецизен, поостар, подобар: новите Интели-лукс ХД светла со над 50,000 eлементи
Новиот осветлен Опел Блиц не е единствената светлечка иновација кај новиот Грандленд. Својата премиера ја доживуваат и Интели-лукс ХД светлата, кои се лидер во индустријата во овој сегмент на возила. За прв пат, предните светла имаат повеќе од 50.000 елементи (точно 51.200, односно 25.600 по страна) и овозможуваат дистрибуција на светлината со висока резолуција.
Во зависност од моменталната сообраќајна ситуација, камерата ги детектира учесниците во сообраќајот напред и оние кои доаѓаат од спротивна страна, а Интели-лукс ХД светлата се исклучуваат уште побрзо и попрецизно од претходната matrix технологија.
„Светлосниот тунел“, односно просторот што го остава светлосниот зрак, е потесен од претходно, додека остатокот од улицата и околината е подобро осветлен.
На овој начин, системот обезбедува уште посветла и подеднаква дистрибуција на светлината без да ги заслепува другите учесници. Научните студии ги докажуваат придобивките за безбедноста. Предметите пред возилото може да се детектираат околу 30 до 40 метри порано, со брзина од 80 км/ч отколку со конвенционалните халогени предни светла. Ова му овозможува на возачот да реагира на потенцијалната пречка помеѓу една и две секунди порано, драгоцено време за да се избегне можниот несакан судир.

Следна еволутивна фаза: нови функции и графички анимации.
Во исто време, сите автоматски функции на Интели Лукс, од светлото за возење во град и рурален пат до светлото при свиоци и лошото време се подобрени и подигнати на повисоко ниво. Светлосниот конус пред возилото може целосно дигитално да се прилагоди со користење на повеќе од 50.000 пиксели, така што интуитивно ја води перспективата на возачот долж патот при свиоци. Покрај дигиталното прилагодување на светлосниот конус, во зависност од аголот на вртење, се активира дополнителен светлосен модул на соодветната страна на возилото. Уште подобро ја осветлува страната на патот и на тој начин ги спречува „црните дупки“ при свиоци. При лоши временски услови или режим на магла, Интели-лукс ХД влијае на можниот ефект на отсјај предизвикан од улиците натопени од дожд и соодветно го прилагодува интензитетот на светлината за да го намали овој ефект за сообраќајот што доаѓа од спротивната страна.
Покрај тоа, технологијата за осветлување со висока резолуција не само што ги штити очите на другите учесници во сообраќајот, туку и очите на возачот на Грандленд. Системот ги препознава сообраќајните знаци што се појавуваат на патот и ги затемнува ЛЕД диодите така што отсјајот на знаците повеќе не го заслепува возачот. А „туристичкиот режим“ овозможува Интели-лукс ХД светлата да ги користат своите целосни перформанси и сите функции дури и кога возите во земји со сообраќај од левата страна.
Конечно, новите анимации во форма на графички видеа кои се проектираат пред возилото за добредојде и кога заминувате од возилото, даваат прв впечаток за тоа какво осветлување ќе биде возможно во иднина.

Уникатен дизајн на осветлување: 3Д Визор, осветлен Опел Блиц и еџ лајт технологија
Новиот Опел Грандленд се издвојува на прв поглед од другите. Неговиот дизајн е смел и елегантен и има уникатен стил. Изострениот дизајн на лицето на брендот Опел исто така има одлучувачки придонес за ова: новиот 3Д Визор ги интегрира Опел Блиц, осветлен за прв пат, и иновативната “еџ лајт” технологија која се протега по целата ширина на возилото, во еден целосен елемент.
Во исто време, новиот Грандленд го превзема дизајнот „Опел Компас“ од пионерскиот Опел Експериментал и го оживува во серискиот производен модел: вертикалниот набор и хоризонталниот Визор се спојуваат со „електрифицираниот“ Опел Блиц во центарот. Карактеристичниот светлосен потпис на предниот дел веднаш се забележува, особено во темница. Додека хромираните елементи претходно беа привлечни за очи, технологиите за осветлување што штедат енергија и се економични сега обезбедуваат уникатен и впечатлив изглед. Најновата генерација сето ова го повлекува и на задниот дел. Новиот Грандленд е првиот сериски модел на Опел кој ги интегрира светлечкиот натпис на Опел централно во компасот на светлосниот потпис.
Технологиите во новиот Грандленд претставуваат најновата и најнапредната еволутивна фаза во развојот на осветлувањето на Опел. Но, обезбедувањето извонредна видливост и со тоа највисокото ниво на безбедност за сите возачи во сите сегменти е традиција на Опел – и тоа е така уште од производството на првиот автомобил на компанијата. Историјата на развојот на осветлувањето започнува од 1899 година со Патентмоторваген Систем Луцман.
















