Мало стилско освежување за Опел Мока

Исто како и досега, Опел Мока ќе биде достапна со бензински мотор, со бензински мотор со благ хибриден погон, и како целосно електричен автомобил. Дизелот си замина уште во средината на минатата година.

Доброто според германскиот ценовник е тоа што новата Опел Мока таму почнува од 26.740 евра, што е незначително над цената на основниот модел во тековната изведба. Разликата е 190 евра. Исто и за изведбата со благ хибриден погон во германскиот ценовник стои вредност од 28.740 евра. Тоа значи дека хибридната Мока првпат ќе чини под 30.000 евра.

По истиот пример, поевтине и електричната Мока, којашто почнува под 40.000 евра. Купувачите во Германија што ќе се решат за Мока Електрик, можат да сметаат дека со буџет од 36.740 евра ќе се снабдат со нов автомобил на струја.

Во изгледот има само незначителни промени

Мока претрпе само неколку мали зафати во појавата. Единствена промена е графиката на дневните светла, коишто сега продолжуваат до крај, со куси светлечки линии една врз друга. Истото се случува и со изгледот на задните светла.

Со повнимателен поглед ќе се забележи дека и логото на Опел е сменето. Тоа отсега ќе биде единствено во црна боја. На тема црна боја, освен покривот, сега и хаубата може да се нарача да биде лакирана црно. Тоа и не е толку голема новина, затоа што опцијата и досега беше достапна кај врвните моделски изведби.

Во димензиите исто така нема промени, Опел Мока е долга 4,15 метри, широка 1,79 метар и висока 1,53 метар. Багажникот собира 350 литри.

За компактниот СУВ стојат на располагање три избори на погон. Почетокот му припаѓа на познатиот 1,2-литарски бензинец со 136 КС, над него следи благ хибрид со 48-волтна мрежа.

Исто како пред фејслифтот, Мока и во иднина ќе биде достапна во целосно елеткрична изведба со 156 КС и батерија од 54 кВч, којашто обезбедува досег до 403 километри.

Нов волан и преработен инфо-забавен систем

На прв поглед, во внатрешноста исто така нема многу промени, барем не во формата на кокпитот, со арматурна табла што е завртена кон возачот.

Видливата новина е воланот, којшто е зарамнет горе и долу и има нов средишен дел, за којшто Опел вели дека го следи дизајнот на визор-маската напред и на светлата.

Голема тема кај фејслифтот на Опел Мока е одржливоста и сведувањето само на најосновното, односно „детоксикација“. Тоа значи дека сите користени платна се од рециклирани материјали.

Зафати се извршени и во инфо-забавниот систем. Два дисплеи од по 10 инчи следат како стандард во секоја Мока, едниот за дигиталните инструменти, другиот во средина. Ракувањето со инфо-забавниот систем е слично како со мобилен телефоин, преку виџети.

Кој повеќе сака да ракува преку говорни команди, Мока ги слуша наредбите кога ќе ѝ се каже „Еј Опел“.

Едно оригинално тест-возење со Опел Мока, истиот круг од близу 300 километри, еднаш со бавно и внимателно возење, вторпат со брзо и безгрижно возење во поглед на потрошувачката. Колку е разликата во времето? И во гориво? Големо изненадување

Тест на Аутомедиа: Колку корист од брзото возење?

Претходна објаваМерцедес има понуда од 34 модели со приклучен хибриден погон – и врвни аудио системи
Следна објаваКина бара производителите на автомобили да престанат со ширење во ЕУ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here