Прв е Мерцедес ЦЛА, кои се следните модели врз новата ММА-платформа

Мерцедес Концепт ЦЛА Класа на саемот на потрошувачка електроника во Лас Вегас годинава

Повеќе класа отколку маса, повисока маржа, полиран имиџ. Тоа го најави шефот на Мерцедес, Швеѓанецот Ола Калениус, кога пред две години ја отпочна новата луксузна стратегија на штутгартскиот гигант. Како жртва на луксузната стратегија „падна“ понудата од модели од компакт класата, односно моделите што му припаѓаа на семејството на А-Класа. Тоа семејство во иднина ќе биде многу помало.

Скусени се моделските изведби на А-Класата со комбилимузинска и лимузинска каросерија, вклучувајќи ја продолжената изведба за Кина, како и Б-Класата. Овие моделски серии ќе продолжат да се произведуваат до 2026 година, иако нивниот век на производствените линии според првичните планови требаше да заврши уште годинава. А- и Б-Класата нема да добијат наследнички.

Мерцедес ЦЛА доаѓа во 2025 година

Понудата од модели на Мерцедес во иднина ќе почнува со купе-лимузината со четири врати, со ЦЛА. Изгледот на идниот модел ќе се раководи верно на студијата Концепт ЦЛА Класа, што Швабите ја прикажаа на салонот ИАА Мобилност во Минхен во 2023 година. Премиерата на сериската изведба, што со своите 4,70 метри е порасната над габаритите за компактната класа, ќе се случи веќе во текот на годинава. Продажбата ќе почне в година.

Какои техничка основа за ЦЛА во иднина ќе служи ММА (Мерцедес Модуларна Архитектура). Новата платформа прво беше замислена да се користи само за модели со целосно електричен погон, меѓутоа развојот продолжи во насока на „првенствено електричен погон“. Тоа значи дека во идната ЦЛА ќе работат и мотори со внатрешно согорување, секако со помош на електормотор, исклучиво четирицилиндарци. Мерцедес ќе ги добива моторите од партнерот Џили од Кина.

„Еднолитарскиот автомобил во електричната ера“

Електричната изведба на следниот ЦЛА нема да се води под ознаката Е-Ку-А, туку ќе се води како ЦЛА со Технологија Е-Ку. Во неа ќе работи 800-волтна електрична мрежа, со електромотор од сопствен развој и со батерија што ќе биде посебно тенка. Новата технологија ќе овозможи за 15 минути да се наполни енергија за 400 километри. Потрошувачката на енергија исто така оди надолу и ќе изнесува 12 кВч на сто километри.

Мерцедес ја опишува лимузината како „еднолитарски автомобил во електричната ера“. Целта е да се постигне досег од 750 километри.

Мерцедес Вижн Е-Ку-Икс-Икс e рекордер по ниска потрошувачка на енерија. Дали дел од таа технологија ќе се користи и во електричната изведба на идната ЦЛА?

ЦЛА Кросовер во замена за ГЛБ?

Во 2025 година ќе се придружи комби-изведбата на ЦЛА со додавката Шутинг Брејк, со идентична техника. Една година подоцна е ред за новите ГЛА и ГЛБ. Со нив ќе дојдат и наследничките на сегашните електрични модели Е-Ку-А и Е-Ку-Б.

Нови модели на Мерцедес врз платформа ММА до 2027 година

Постојат гласини дека Мерцедес има намера ГЛБ да го замени со ЦЛА Кросовер, за со него да му парира на електро-бестселерот Тесла Модел Ипсилон. Уште една причина за тој потег да се направи е фактот што Мерцедес подготвува малечка изведба од Г-Класа, така што модел во стилот на сегашниот ГЛБ би бил вишок, во поглед на просторноста и во големината. Малечката Г-Класа исто така ќе ја користи платформата ММА, таа ќе биде петтиот модел со таа техника.

Кутиестиот теренец се очекува најрано во 2027 година. Тој има посебна улога со техниката. Инженерите добија можност за неа да користат компоненти од МБ.ЕА-М. Таа платформа е наменета за наследничките на Ц-Класата и на ГЛЦ.

Луксузна В-Класа и Вито во Мак Аутостар

Претходна објаваАуди Ку-5: Нов лик за најпродаваниот модел на Инголштат
Следна објаваЧитатели на германски магазин ја избраа Дачиа Дастер за семеен автомобил на годината

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here