Тојота, Нисан, Хонда ги запреа фабриките, доаѓа разурнувачкиот тајфун Шаншан

Фабрика на Лексус

Југозападниот дел на Јапонија е подготвен за тоа што се очекува да биде едно од најсилните невремиња што вооошто се имаат случено во регионот. На жителите што се на патот на тајфунот Шаншан им е наредено да ги напуштат домовите. Производителите на автомобили, вклучувајќи ја Тојота, ги запреа фабриките.

Тојота најави дека ќе ја прекине работата во сите свои 14 фабрики во Јапонија, почнувајќи од среда навечер до четврток наутро.

Корпорацијата Нисан најави можност за запирање на производството во својата фабрика во Кјушу, во четврток и во петок наутро, додека Хонда исто така привремено ќе ја запре својата фабрика во Кумамото, во југозападниот дел на Кјушу.

Авиокомпаниите и железницата откажаа дел од линиите во следните денови. Силниот тајфун се движи кон главниот исток Кјушу, на југозападот на Јапонија, со брзини до 250 километри на час.

Агенцијата за метеоролоција издаде предупредување и наведува дека тајфунот може да предизвика поплави, свлечишта и ветришта што се доволно силни да урнат куќа.

„Неопходна е крајна претпазливост, имајќи предвид дека прогнозите најавуваат силни ветришта, високи бранови и големи поплави што не се видени досега,“ изјави на конференцијата за медиуми Сатоши Сугимото, главниот метеоролог на агенцијата.

Откако ќе го погоди Кјушу во следните неколку денови, се очекува дека тајфунот ќе се приближи до централниот и источниот регион, вклучувајќи ја и престолнината Токио, за време на викендот, најавува агенцијата.

Властите наредија евакуација за повеќе од 800.000 жители во префектурата Кагошима во јужниот дел на Кјушу и во префектурите Аиќи и Шизуока во централна Јапонија. Две лица се водат за исчезнати, откако свлечиште урна куќа поради силните дождови. Тројца жители од куќата се евакуирани, јави јавниот сервис НХК.

Шаншан е следниот силен тајфун што ја погодува Јапонија, откако во минатата недела островите беа погодени од тајфунот Ампил, што исто така доведе до прекини во струјното напојување и евакуација.

АНА Холдингс најави дека ќе откаже преку 210 домашни летови меѓу среда и петок, со слетувања во југозападна Јапонија, оневозможувајќи 18.400 патници.

Јапан Ерлајнс ќе откаже 170 домашни летови до чевтрток. Вкупно 10 меѓународни летови што ги покриваат двете компании исто така ќе се откажат.

Претходна објаваМекларен продава одлично во САД, се работи на конкурент на Ферари Пуросангуе
Следна објаваТојота и Лексус за 50% ја качија продажбата на хибриди во Полска

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here