Исто како што обувките го надополнуваат начинот на облекување, така и тркалата влијаат врз изгледот на автомобилот. Не постои друг елемент што ја одредува појавата на едно возило, како што тоа се тркалата.
Кај марка како Мерцедес-Бенц, секако дека појавата е важна, а тоа значи и дека се посветува големо внимание на изгледот на тркалата. Во посебниот материјал што го подготви Мерцедес-Бенц за оваа тема, се наведува дека „од безвременските клчасичари, преку стилските иокони, како ‘барокното тркало’ кај легендарниот Мерцедес-Бенц Ц 111 од 1969 до современите аеро-тркала што изгледаат како скулптури – тркалата честопати се отпечаток на нивниот временски дух и влијаат врз уметноста, културата и дизајнот.“
Денес секоја од трите марки во групацијата – Мерцедес-Бенц, Мерцедес-АМГ и Мерцедес-Мајбах – поседува различен дизајн на тркалата. Покрај тоа што дизајнот се двои главно на изведби со единечни, двојни или дури и тројни краци, постојат сушптински разлики и во изработката. Врвните тркала секако му припаѓаат на Мајбах и тоа се ковани тркала со површина што е полирана со топчиња.
Првиот Мерцедес возеше со тркала со дрвени краци
Изумителот на автомобилот, Карл Бенц, беше пред времето и со тоа што своето Патент-Моторваген од 1886 година, првиот автомобил во историјата, го постави на тркала со тенки метални жици. Во првите години на автомобилизмот, возилата обично имаа тркала изработени од дрвени краци и челичен обрач. Првиот модел на Мерцедес, 35 ПС, на тркачката недела во Ница возеше од победа во победа со тркала со 12 дрвени краци. Во тоа време, 35 ПС беше најсоврешениот автомобил во светот.
Жичените тркала беа неизоставни од спортските возила во 1920-те и 1930-те години
Кај спортските возила беа важни жичените тркала. Тие тежеа половина од обичните тркала од дрво. За трки, тркалата беа покривани со челични или алуминумски плочи, заради смалување на отпорот на воздух. Пример за тоа е 200 ПС Блицен Бенц, во тоа време најбрз автомобил во светот, со 225 км/ч. Авионите и локомотивите не беа толку брзи.
View this post on Instagram
Бојадисани раткапни и продупчени украсни прстени го следеа бумот во 1950-те и рокенролот во 1960-те
За разлика од мотоспортот, кај обичните возила сé повеќе се користеа челични полни тркала. Тие се произведуваа евтино и брзо во голема серија. Прв Мерцедес со такви тркала е 170 од 1931 година. Круна без малите капи со украсни линии и ѕвездата на Мерцедес во средина.
Во 1950-те почнаа да се користат украсни продупчени прстени. Тој детаљ се забележуваше мошне јасно кај „Понтон-Мерцедес“, од Тип 220 (В 180) од 1954 година. По него следеше „Аденауер-Мерцедес“, Тип 300 б (В 186 трета генерација). Познавачите ќе се сетат и на легендата 600 Пулман (В 100).
Автомобилот што се разликуваше по многу нешта, 300 СЛ, покрај крилестите врати, беше прв Мерцедес со комбинирани тркала. Средината на тркалото беше изработена од челик, а обрачот од алуминиум. Место со пет завртки, тркалото се прицврстуваше со една средишна завртка.
„Барокни тркала“ со повеќе краци го одбележаа дизајнот на Мерцедес во 1970-те
Уште еден модел на Мерцедес со крилести врати воведе иновации во тркалата. Мерцедес-Бенц Ц 111 од 1969 година користеше ковани алуминиумски тркала со повеќе краци. Познати како „барокни тркала“ тие красеа уште бројни серии во 1970-те и 1980-те години, меѓу нив 280 С/СЕЛ, лимузините /8, СЛ и СЛЦ, како и С-класата од генерацијата 116.
Рамни тркала од лесна легура за дивите 80-ти
Моделите на Мерцедес-Бенц во 1980-те години имаа препознатливи тркала со 15 или 8 отвори, со мининалистички дизајн. Секако дека 190 Е 2.3-16 ги поседуваше овие тркала. Друг често гледан модел од тоа време е лимузината 500 СЕЛ (серија 126). Овој дизајн во скоро време се користеше во слична форма кај АМГ и Мајбах.
Голема разновидност во 1990-те
Времето на 1990-те е време на големата разновидност во дизајнот на тркала. Пример за тоа е 190 Е 2.5 16 Ево Два, чијшто тркала имаа сосем различен дизајн од „2.3-16“. Дизајнот претставува ѕвезда со шест краци. Меѓу краците се забележуваат масивните сопирачки шепи и дискови.
Дизајнот на тркалата кај денешните електрични модели го одредува аеродинамиката
Сосем нов правец се почна со електричните модели, кај коишто аеродинамичноста е важна за да се постигне подолг досег. Секако дека беше предизвик да се постигне ефикасен дизајн во поглед на аеродинамичноста, но пак да им се даде карактер на тркалата, а со тоа и на возилото. Може да се нарачаат и тркала во коишто се вградени пластични елементи, заради оптимирање на отпорот на воздух.
Развојот на дизајнот најдобро го прикажуваат тркалата од 20 инчи за Е-Ку-Ес СУВ, со облога од пластика заради врвна аеродинамичност.
Иднината ја најавуваат Вижн Е Ку Икс Икс, Уан-Елевен и АВТР

Како ќе изгледаат тркалата во иднина. Студиските и концептните автомобили не пропуштаат да го прикажат тој детаљ. Вижн Е Ку Икс Икс користи ковани тркала од неверојатно лесна магнезиумска легура, со розеви акценти – затоа што бакарот, еден од најспроводливите елементи, исто така прикажува такви акценти. Овој студиски автомобил го користи и тоа, за досег до 1.200 километри на струја.
















