Бенц Викторија од 1894: Кога илјада километри со автомобил се возеа шест денови

За патувањето долго близу 1.000 километри со Бенц Викторија пред 130 години, на баронот фон Либиг му се потребни четири денови

Мерцедес-Бенц во просторот во музејот што се води како Митос 1, го изложува точно тоа: Автомобилски митови. Барон Теодор фон Либиг напишал за неговата авантура во Бенц Викторија пред 130 години: „Возилото во последните 26 часови мина 282 километри, пат што никој досега го нема поминато со такво возило.“

Да се поминат близу илјада километри со автомобил во 1894 година е вистинска авантура. Баронот Теодор фон Либиг имал таква авантура. Тој бил син на фабрикант од тогашен Рајхенберг, денешен Либерец во Чешка. Баронот е еден од првите клиенти на Карл Бенц. Неговиот избор бил Бенц Викторија. Меѓу бројните иновации што ги поседува автомобилот спаѓа и управување со зглобна врска.

Карл Бенц го развил принципот на управување со зглобна врска за сериско производство. Новата техника овозможила возењето да биде значително побезбедно и покомфорно во споредба со претходното примитивно решение, каде што целата оска се свртува околу една точка, исто како кај запрежна кочија. Доколку не се внимавало во тесни свијоци, лесно можело да се случи возилата со старата техника да се превртат. Патот на развојот до управување со зглобна врска го почнуваат Готлиб Дајмлер и Вилхелм Мајбах во 1889 година.

Каросеријата на Бенц Викторија не се разликува многу од кочија. Но, новата техника на управување прави Викторија да биде едно од најнапредните возила во тоа време. Се управува преку курбла што е поставена на тркало што е легнато хоризонтално и се наоѓа средишно во возилото.

Движењето на курблата се пренесува до попречен лост што е поставен хоризонтално. Тој понатаму дејствува врз два лоста што се поставени надолжно и водат до предната оска, и се движат во спротивна насока.

Друг попречен лост го пренесува движењето на вратило што е поставено вертикално. Тоа преку навојна пружина и попречна листеста пружина го спречува пренесувањето на ударите од патиштата, што главно се земјени и во лоша состојба. На крајот, две „спони“ водат од листестата прижина до предните тркала што се водат преку вилушкеста оска.

Баронот е меѓу првите клиенти

Барон Теодор фон Либиг во 1893 година го посетува Карл Бенц во Манхајм и одушевен е од Викторија, па го нарачува возилото. Тоа се испорачува во пролетта 1894 година – на вообичаениот начин, со воз.

Либиг тогаш е на возраст од 22 години и полн со фасцинации од новото возило сака да патува надвор од својата земја. Тој пред 130 години зема храброст да направи патување долго близу 1.000 километри, до Гондорф ан дер Мозел, гратче во близина на Кобленц, во западна Германија. Целата документација од ова патешествие се чува во музејот на Мерцедес-Бенц.

Се поаѓа на 16-ти јули. Големиот потфат на баронот се случува по шест години од историското патување на Берта Бенц, сопруга на Карл, којашто со Бенц Патент-Моторваген Модел 3 ја вози првата подолга тура во историјата на автомобилизмот.

Покрај лошите патишта, предизвик е снабдувањето со гориво. Фон Либиг купува бензин во аптека, затоа што не постојат станици за гориво по пат.

Просечната потрошувачка изнесува над 20 литри на сто километри. По шест етапи со вкупно 69 часови возење, тие пристигнуваат во Гондорф, со вкупно извозени 939 километри.

Едноцилиндарскиот мотор од 1.990 сантиметри кубни развива моќност од 2,9 кВ, односно 4 КС. Во музејот се наоѓа една година постар примерок, со мотор од 1.726 сантиметри кубни и 3 КС. Оригиналното возило на баронот денес е изложено во Технички Музеј во Прага.

На 20-ти јули 1894 година, фон Либиг и неговиот сопатник пристигнуваат во Манхајм, по мачно ноќно возење. Теодор фон Либиг напиша: „Веднаш продолжуваме до фабриката на Бенц и Цие, каде што Хер Фридрих фон Фишер и Хер Карл Бенц веќе нé очекуваат; двајцата се радуваат колосално за нашиот храбар потфат и за среќниот исход на истиот. Возилото во последните 26 часови мина 282 километри, пат што никој претходно го нема извозено со такво возило.“

На враќање, на баронот фон Либиг му се придружува и самиот Карл Бенц со своето семејство

Во истата година, во Франција почнува да се одржува нов вид натпревари: Откако возењето на баронот докажува дека возилата се способни за подолги патувања, првпат се вози трка од Париз до Руен. Нормално, победуваат возила со мотори по лиценца на Дајмлер. Баронот фон Либиг секако не ја пропушта трката. Подоцна, тој ја вози првата автомобилска трка преку Алпите во 1898 година, а една година потоа победува на првата интернационална трка во Виена, со Бенц 8 ПС Ренваген.

Во меѓувреме, во салонот на Мак Аутостар

Претходна објаваЕУ одреди казнена царина за увозот на електрични автомобили од Кина
Следна објаваПорше има намера да го преземе бизнисот со батерии на Варта

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here