Германските производители бараат ЕУ да се откаже од казнени царини за кинески автомобили

Извозот на автомобили од германските производители во Кина вреди четирипати повеќе од увозот на кинеските автомобили во земјата

Извршиот директор на БМВ, Оливер Ципсе, вели дека царините ќе им наштетат на глобалните компании и нема да придонесат да се зајакне конкурентноста на европските производители.

Здружението на германски производители на автомобили ВДА бара Европската Комисија да се откаже од намерата да воведе казнени царини за електричните автомобили што се произведени во Кина. Тоа е последен обид да се влијае врз преговорите, пред царините да почнат да се применуваат на 4-ти јули.

Во соопштението од Здружението се наведува дека царините ќе им наштетат на производителите на автомобили од Европа и САД што извезуваат од Кина. Покрај тоа, се создава опасност дека и Кина ќе одговори со контра-царини, коишто на германската индустрија ќе ѝ зададат силен удар, имајќи го предвид бројот на возила што се извезуваат во Кина.

Во псоебно соопштение, издршниот директор на БМВ, Оливер Ципсе, вели дека царините се „слепа улица“ што ќе им наштети на глобалните компании, ќе ја забави декарбоницацијата со ограничување на снабдувањето на европскиот пазар со ЕВ и дека тоа воопшто нема да помогне евроипските производители да ја зголемат конкурентноста.

Вредноста на извозот на патнички автомобили од Германија во Кина во минатата година беше трипати поголем од вредноста на увозот од Кина, додека вредноста на извозот на снабдувачите со компоненти бил четирипати пооголем отколку вредноста на увезените компоненти, наведуваат од ВДА.

Комисијата место тоа треба да се сосредоточи на пристап до критичните суровини – коишто во најголем дел ги контролира Кина – за европската индустрија на електрични возила. ВДА посочува дека треба да се смалат бариерите за пристап до пазарот и да се создаде транспарентност во трговската политика. Здружението предлага да се оформи совет што ќе преговара на тие теми.

„Царини против субвенции не се соодветна марка да се зајакне европската конкурентност и издржливоста на подолг рок,“ се наведува во соопштението.

Кина и Европската Комисија имаа преговори во минатата седмица, околу бариерите што Кина бара да се укинат, одбивајќи ги обвинувањата дека се исплаќале недозволени субвенции.

Брисел беше јасен дека очекува Кина да пристапи на техничките преговори што се одржуваат неделава, на коишто ќе се разговара за „штетното субвенционирање“ на нејзината индустрија на ЕВ, доколку очекува да учествува во исходот од преговорите.

Одговорот на Кина

Кинеските производители во минатиот месец бараа Пекинг да ги зголеми царините за увезените европски автомобили со бензински мотори, за да се возврати на царините за кинеските автомобили во Европа, објави државниот дневен весник Тајмс на 19-ти јуни.

На средба зад затворени врати на којашто се разговараше како Кина да се одбрани од европските царини, учествувале и претставници од САИЦ, БИД, БМВ, концернот Фолксваген и Порше, кажуваат лица што се упатени во состојбите.

Кина учествува со околу 30 проценти во продажбата на германските производители на автомобили. Германија е далеку најголем извезувач на возила со мотори од 2,5 литри и нагоре, со извезени возила во вредност од преку 1,2 милијарда долари во Кина од почетокот на годинава, покажуваат податоци од кинеската Царина.

Германските економисти имаат спротивставени ставови околу царините. Една третина од нив цени дека тоа е соодветна мерка за да се контрира на кинеските субвенции, додека една третина е против царини, стравувајќи дека ќе се поттикне трговска војна, покажаа анкетите.

Единаесет проценти од економистите во анкетата бараат пониски царини, додека 6 проценти бараат царините да се зголемат.

Видеото од тестот на Џили Кулреј

Претходна објаваПродажбата на Волво во јуни напредуваше за 8 проценти, секој четврти автомобил е електричен
Следна објаваНовата Ц-ХР ѝ донесе на Тојота раст од 19 проценти на германскиот пазар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here