Продажбата на Волво во јуни напредуваше за 8 проценти, секој четврти автомобил е електричен

Моделите со трите видови електрифициран погон што Волво ги има во својата понуда учествуваат со близу половина во продажбата на шведската марка.

Близу секој втор продаден автомобил (48%) на Волво во минатиот месец беше благ хибрид, приклучен хибрид или целосно електричен модел, додека повеќе од еден од секои четири продадени автомобили во јуни вози исклучиво на струја (26%).

Во првата половина од годината, Волво испорача 388.073 возила на светскиот пазар, што претставува раст од 14 пороценти во споредба со лани.

„Продажните бројки за месецот се доказ дека беа успешни чекорите што ги презедовме во насока на нашата долготочна стратешка одредба и ја задржавме побарувачката за нашите автомобили,“ вели Бјорн Арнвал, комерцијален директор и заменик на извршниот директор на Волво Карс. „Посебно сум задоволен со постојаната висока продажба на Е Икс 30.“

Во Европа, продажбата во јуни достигна 36.474 возила или за 34 проценти повеќе од истиот месец во 2023 година. Продажбата на моделите со електрифициран погон на светскиот пазар се зголеми за 54 проценти, односно нивниот удел гледано на европскиот пазар се зголеми на 66 проценти.

Пазарот во САД назадуваше за 28 проценти, со продадени 9.304 возила. Сепак има раст од 75 проценти кај приклучните хибриди. Причината за негативниот месец во САД лежи во проблемите во ИТ-секторот, што широко ја зафатија целата бранша, со десетици илјади дилерства погодени од тие проблеми, што го оневозможија нормалното работење.

Во Кина во јуни беа продадени 14.049 возила, за 9% помалку од истиот месец лани. Целосно електричните модели и приклучните хибриди напредуваа за 12 проценти, со продадени 1.448 возила.

Најпродаван модел во јуни беше Волво Икс Ц 60 со 19.222 возила (2023: 21.053), потоа следи Икс 40 / Е Икс 40, со вкупно 16.195 возила (2023: 18,170) трет е електричниот Е Икс 30 со 12.513 возила (2023: 0).

Видеото од тестот на електричниот Волво Е Икс 30

Претходна објаваХидропневматика прави Дефендер Окта да вози врвно и на терен и на асфалт
Следна објаваГерманските производители бараат ЕУ да се откаже од казнени царини за кинески автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here