Повеќе СУВ возат со хибриден погон отколку со дизел

Мерцедес-Бенц ГЛЕ, на сликата во изведба АМГ, е најпродаван СУВ во сегментот на големи премиум модели, пред БМВ Икс 5.

Технологијата на приклучен хибрид овозможи нагло да се смали емисијата за клучните модели од сегментот што им носи голема заработка на производителите. Наскоро почнува и бранот од целосно електрични модели.

Моделите со приклучен хибриден погон сега се најпопуларен вид на погон во Европа, во високо профитабилниот сегмент на големи СУВ-модели од премиум марки. Нивната продажба порасна за 50 проценти, престигнувајќи ги дизелите.

Близу половина од продажбата на возила во овој сегмент во првите пет месеци од 2024 отпаѓа на модели со електрифициран погон. Тоа се возила со целосно електричен, приклучен хибриден или класичен хибриден погон. ПХЕВ учествуваат со 37 проценти во продажбата, предводени од Порше Кајен и Волво Икс Ц 90.

Приклучните хибриди ги претркаа дизелите

Пазарен удел по вид на погон кај големи СУВ од премиум марки во Европа.

 
1 ПХЕВ 37 54,232 54
2 Дизел 33 49,390 −6.6
3 Бензин 17 25,721 −3.6
4 БЕВ 10 15,429 94
5 Хибрид 1.5 2,293 40

Вкупната продажба на возила во овој сегмент порасна за 18 проценти, на вкупно 148.005 возила во првите пет месеци од годинава. Тоа е значително поголем раст од просечниот раст на целиот европски пазар од 4,9 проценти.

Мерцедес-Бенц ГЛЕ го престигна БМВ Икс 5 и стана водач на сегментот, откако ја покачи продажбата за 17 проценти. Порше Кајен се искачи на 3-то место, откако продажбата му напредуваше за 70 проценти, главно поради високата побарувачка за трите моделски изведби со ПХЕВ-погон.

Мерцедес пред БМВ

Најпродавани големи СУВ од премиум марки во Европа јануари-мај 2024.

 
1 Мерецдес ГЛЕ 18,788 17%
2 БМВ Икс 5 18,321 9.3%
3 Порше Кајен 17,053 70%
4 Волво Икс Ц 90 15,646 25%
5 Рејнџ Ровер Спорт 12,874 57%
6 Ланд Ровер
Дефендер
10,981 1%
7 Рејнџ Ровер 7,188 5.8%
8 БМВ и-Икс 7,025 16%
9 Ауди Ку 8 5,348 −36%

Приклучните хибриди сега учествуваат со околу 80 проценти во продажбата на Кајен во Европа. Кај останатите модели, 56 проценти од продажбата на Рејнџ Ровер Спорт се ПХЕВ и 54% од продажбата на Волво Икс Ц 90 им припаѓа на ПХЕВ-моделите.

Технологијата на приклучен хибрид им овозможи на премиум марките нагло да ја смалат емисијата на ЦО2 кај нивните најголеми модели од сегментот што им носи голема заработка на производителите. Од сегмент што порано им претставуваше товар на производителите и им ја качуваше просечната емисија на ЦО2 – и ги изложуваше на казни од ЕУ, поради превисока емисија – овој сегмент сега се претвори во најголем намалувач на емисијата на ЦО2 на производителите.

Порше Кајен е-Хибрид, на пример, со мотор со шест цилиндри, испушта само 33 до 42 грами ЦО2 на километар.

Со оваа технологија се отклучија пазарите што инаку ќе се затвореа, затоа што големите СУВ-модели со погон само со мотор со внатрешно согорување имаат превисока емисија на ЦО2 за нормите на ЕУ.

Како пример, 97 проценти од вкупно 7.441 големи СУВ-модели од премиум марки што се продадоа на пазарот во Франција во првите пет месеци, се приклучни хибриди. Франција наплаќа казнен данок за висока емисија, што може да достигне десетици илјади евра.

Премиум производителите ја зголемуваат батеријата на своите ПХЕВ-модели, за да го зголемат нивниот досег при возење на струја и да се подготват за следниот чекор на ЕУ, откако од 2025 година емисијата на ЦО2 за ПХЕВ-моделите ќе се пресметува по нов систем. Промените се прават со цел да се добие поверодостоен податок за емисијата на ЦО2 на овие возила, затоа што истражувањата покажаа дека возачите многу поретко го користат погонот на струја, отколку што законодавците замислуваа првично.

Порше ја зголеми батеријата на својот нов Кајен, што е во продажба од лани, на 25,9 кВч, од 17,9 кВч претходно. Со тоа, електричниот досег се зголеми од 41 до 46 километри, на 66 до 74 километри.

БМВ Икс 5 е втор најопродаван модел во сегментот

Уделот на целосно електричните модели е мал

Со само 10 проценти, уделот на моделите со целосно електрчен погон во овој сегмент заостанува далеку зад дизелите и бензинците, но побарувачката за нив речиси се удвои во првите пет месеци. Тоа се должи на новите модели што беа пуштени во продажба.

Мерцедес Е-Ку-Е СУВ е на 11-то место со продадени 5.266 возила, со што е втор најпродаван БЕВ-модел во сегментот, по БМВ и-Икс. Се покажа дека Е-Ку-Е привлекува повеќе купувачи отколку Е-Ку-С СУВ, чијашто пазарна динамика остана непроменета, со продадените 1.470 примероци. Меѓу останатите електрични новитети во сегментот се Лотус Елетре со 686 примероци и Ауди Ку-6 е-трон со 321 примероци до мај.

Штотуку се пристигнати Полстар 3, Кадилак Лирик и електричната изведба на Мерцедес Г-Класа, додека Волво подоцна во текот на годинава ќе стартува со својот Е-Икс 90, откако беше одложен датумот за почеток на продажбата.

Новитети што се очекуваат се Рејнџ Ровер Електрик, со премиера в година, како и електричната изведба на Порше Кајен, којашто исто така престои во 2025 година.

Најпродавани модели со ПХЕВ погон

Најпродавани модели на големи СУВ од премиум марки во Европа, со приклучен хибриден погон, до мај.

 
1 Порше Кајен 13,711 125.8%
2 Волво Икс Ц 90 10,166 63.8%
3 Мерцедес ГЛЕ 7,356 28.9%
4 Рејнџ Ровер
Спорт
7,234 125.3%
5 БМВ Икс 5 7 5.2%

Пад во продажбата има кај Ауди, чијшто Ку8 се најде на 10-то место, со 36 проценти минус во продажбата, додека испораките на Ку7 се намалија за 49 проценти и моделот повеќе не е во Топ 10.

Причина за тоа се потешкотиите на коишто наиде Ауди со своите мотори Ве-6 и Ве-8, и тоа влијаеше врз поголемите модели. Шефот за финансии на концернот, Арно Антлиц, го соопшти тоа пред инвеститорите при објавувањето на деловните резулати за првото тромесечје.

Концернот ФВ не ги посочи причините за тесното грло во снабдувањето со компоненти, меѓутоа германските медиуми објавија дека проблемот веројатно е во снабдувањето со 48-волтниот стартер-генератор за моделите со благ хибриден погон, од добавувачот Витеско.

Потешкотиите на Ауди покажаа колку големите модели, вклучувајќи ги СУВ, може да бидат профитабилни за премиум марките. Проблемот со добавувачите го погоди Ауди „и во поглед на волуменот, но уште поважно во поглед на маржата, посебно кај осумцилиндарските модели,“ посочи Антлиц.

Маржата на добивка на Ауди во првото тромесечје се сведе на само 1,1 проценти, во споредба со 11 проценти во истиот период лани, покажуваат билансите на концернот ФВ. Во Ауди се убедени дека можат да ја повратат продажбата во следните квартали, затоа што веќе е договорен втор снабдувач, што ќе ги надмине досегашните проблеми околу испораката на компоненти, соопшти Антлиц.

Околу 80 проценти од продажбата на Волво Икс Ц 90 се приклучни хибриди.

Специјални изведби

Премиум марките се борат да извлечат повисока добивка од големите СУВ, чијашто популарност продолжува да расте.

Јагуар Ланд Ровер се врати на патот на одржлива профитабилност, благодарејќи на силната побарувачка за трите најголеми СУВ: Рејнџ Ровер, Рејнџ Ровер Спорт и Дефендер. ЈЛР настојува да ја зголеми продажбата на модели од специјални серии, чијашто цена може да достигне неколку стотини илјади евра. Компанијата им го сооппшти тоа на аналитичарите, за време на денот за инвеститори, на 19-ти јуни.

Јагуар Ланд Ровер го зголемува бројот на модели од специјални серии. На сликата е Рејнџ Ровер Кармел

Главни пазари се Германија и ОК

Близу половина од европската продажба на премиум СУВ од високата класа во првите пет месеци е постигната на само два пазари: Германија и Обединетото Кралство.

Регулативите за емисијата на ЕУ и ОК им ја завршуваат кариерата на СУВ-моделите со големи мотори, додека приклучните хибриди се предмет на преиспитување, затоа што истражувањата покажаа дека нивните сопственици ретко ги приклучуваат на полнач.

Големите СУВ сепак е веројатно дека ќе бидат последните автомобили со мотор со внатрешно согорување што ќе ги заминат од производство, на патот кон електромобилноста, затоа што производителите настојуваат да извлекуваат профит од овој сектор колку е можно подолго. Тоа се потврдува со фактот што производителите прво ги префрлуваат на струја помалите модели, додека поголемите и полуксузни модели, на коишто се заработува повеќе, остануваат со мотор со внатрешно согорување.

Новиот Пежо 3008 ја имаше својата премиера во салонот на Еуроимпекс

Претходна објаваПежо 3008 не е само во нова генерација, туку е нов автомобил
Следна објаваШкода Елрок ги предизвикува електричарите на Рено и Пежо со досег од 560 километри

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here