
Со четвртата генерација на Ц3, Ситроен создаде нов модел што предизвика вознемиреност меѓу соперниците. Главниот проблем за конкуренцијата е тоа што Французите го нудат новиот модел и во изведба со целосно електричен погон, како е-Ц3.
Цената на електричниот Ц3 е несомнено дека се спомнува често во директорските кругови кај конкурентските производители. Со цена од 23.300 евра, Ситроен нуди електричен модел, што пак е добро опремен, безбеден е и комфорен, а ниту досегот не е проблем.
Покрај тоа, Ц3 не доаѓа од земја со евтина работна рака, туку се произведува во Европа, во фабриката на Стелантис во Трнава, Словачка. Во 2025 година ќе следи уште една изведба, па дури и поевтина, со цена под 20.000 евра и со потсмален досег.
Платформа за модели за Јужна Америка и Индија
Исто е со СУВ-изведбата, со Ц3 Еркрос. Наследникот на истоимениот модел, што уште користеше платформа од времето на Џенерал Моторс, ќе почне со продажба уште пред завршетокот на годинава и исто така е конструиран врз платформата Смарт Кар, што е осмислена првенствено за модели со мотор и за хибриди, но и за електричен погон.
Првичната замисла во концернот Стелантис беше оваа платформа да се користи за модели за Јужна Америка и Индија. Но, таа сега ќе се користи сé помасовно за модели од марките Пежо, Фиат, Опел и Ситроен, односно за големоволуменските марки на концернот.

„До завршетокот на 2024 година, ќе имаме обновено 80 проценти од нашата понуда од модели“
Ц3 Еркрос неодамна имаше светска премиера во Париз и при должина од 4,40 метри нуди три реда седишта, односно место за седум патници. „До завршетокот на 2024 година, ќе имаме обновено 80 проценти од нашата понуда од модели“, кажа Лорен Дио, шеф за продажба на Ситроен во Европа. Тоа ги вклучува новите верзии на моделите Ц4 и Ц4 Икс.

Преработените модели од компакт класата ќе бидат прикажани во септември, на салонот во Париз. Нивната продажба ќе стартува во следната пролет. Фејслифтот главно ќе опфати промени во изгледот на предниот и задниот дел. Во каросеријата не се менува ништо, моделот останува во производство најмалку до 2027 година. Наследничката ќе биде конструирана врз унапредена изведба од платформата СТЛА Медиум.
ДС ќе понуди луксузна лумузина што ќе се разликува радикално
Од оваа платформа што подржува повеќе видови погон ќе искористи и Ц5 Еркрос. Најголемиот СУВ на марката ќе се појави во ново издание во 2025 година, со зголемена каросерија (4,75 метри) и поостра форма. Со овој раст на Ц5 се отвора прашање дали Ситроен ќе го пополни просторот меѓу него и Ц3 со сосем нов модел. Тоа би бил автомобил со слична големина како Ц4 Кактус, модел што постигна одличен успех.
Можно е Ситроен да си дозволи храбар исчекор и дизајнот од студијата Оли да го пренесе верно во идниот модел меѓу Ц3 и Ц5 Еркрос, којшто веројатно и ќе ја носи ознаката Ц4 Еркрос.
Ц5 Икс останува на местото на знаменосец на Ситроен
Французите не менуваат кај Ц5 Икс. Кросоверот долг 4,81 метри, што е спој од комби, лимузина и спортско СУВ-купе, останува на местото на знаменосец на марката. Во париската централа немаат намера да развиваат модел што ќе цели кон високата класа. Таков модел ќе ѝ биде препуштен на луксузната марка ДС.

Премиум подмарката на Ситроен планира нов почеток со радикално дизајнирана лимузина од луксузниот сегмент. Во план е автомобил по пример на Божицата, Цитроен ДС од 1960-те години. Мошне е веројатно дека новата Божица ќе вози на струја.















