
Малечкиот СУВ води пред класичарот со 415 продажби, третото место меѓу најпродаваните автомобили на европскиот пазар во мај ѝ припаѓа на Дачиа Сандеро.
Фолксваген Т-Рок во мај е на најдобар пат првпат годинава да стане најпродаван модел на европскиот автомобилски пазар. Во споредба со истиот месец лани, продажбата на моделот порасна за 12 проценти.
Малечкиот СУВ сепак може да биде престигнат од Фолксваген Голф, откако ќе пристигнат податоците од продажбата од уште неколку помали пазари.
Т-Рок води пред Голф со 19.748 продажби, наспроти 19.333 продажби, според првичните податоци со коишто располагаат аналитичарите Датафорс и коишто претставуваат 96 проценти од автомобилскиот пазар во ЕУ, ЕФТА и ОК.
Продажбата на Голф во мај се зголеми за 28 проценти. Тоа е големо враќање на врвот за компактот, што до пред неколку години постојано беше прв или блиску до врвот, во продажбата на автомобили во Европа.
Фолксваген во јануари изврши голем фејслифт на Голф, со намера да го продолжи моделскиот век на класичарот, пред да го префрли на целосно електричен погон во следната генерација.
На третото место е Дачиа Сандеро, со продадени 18.676 возила и пад од 10 проценти во споредба со мај лани. Малечката комбилимузина од буџет-марката на Рено трипати беше најпродаван модел на европскиот пазар од почетокот на годината.
Сметано за целиот период од пет месеци, Дачиа Сандеро пак ја предводи продажбата со 105.494 возила, според податоците од Датафорс.
Топ 25 Најпродавани модели на европскиот пазар во мај 2024

Рено Клио е извесно ќе го заврши месецот на 4-то место, затоа што има голем заостаток зад Сандеро и тоа нема да го сменат податоците за продажбата што ќе пристигнат од преостанатите пазари. Исто така со голем заостаток, на петтото место е Фолксваген Тигуан.
Неговото место сепак може да биде загрозено од Шкода Октавиа.
Мај беше одличен месец за концернот Фолксваген, со четири модели меѓу првите шест најпродавани автомобили во Европа.
Од седмото до десетото место се наоѓаат модели од марките на Стелантис.

Една од најжестоките битки во мај се одвиваше меѓу Пежо 2008 и Цитроен Це-3, за седмото место. Пежо води со само 30 возила, според податоците што покриваат 96 проценти од пазарот.
Ситроен ја привршува продажбата на тековната генерација на Це-3, за да направи место за наследничката. Како резултат, продажбата на градскиот модел во мај порасна за 68 проценти, што претставува скок од 6.001 возило во споредба со мај лани. Директорите на Ситроен, на настанот што во минатата седмица се одржа во Париз, кажаа дека Це-3 е најпродаван модел на концернот Стелантис на европскиот пазар до мај.
Топ 25 Најпродавани модели на европскиот пазар од јануари до мај 2024

Пежо 208 и Опел Корса се борат за 9-то место, од коешто не е далеку и Киа Спортаж. Само 66 продажби ги двојат трите модели.
Откако ќе пристигнат продажбите од последните пазари, можно е да се случи смена на местата.

Тесла Модел Ипсилон (прв од десно) е најголем губитник во мај, со пад од 1-то место во мај лани, на 18-то место во мај годинава.
Продажбата на Модел Ипсилон во мај падна за 49 проценти, на 10.852 возила. Во споредба со истиот месец лани, разликата е 10.373 продажби Тоа е најголемиот пад во бројот на продадени возила од сите модели во Топ 50 во мај.
Тесла трпи последици од штрајкот во Шведска, каде што пристанишните работници оневозможуваат возилата на производителот од САД да се симнат од брод и да се испорачаат до клиентите ширум Европа. Штрајкот трае од декември, затоа што Тесла одбива да потпише колективен работен договор со шведските сервисери.
Фолксваген и Тојота имаа по шест модели во мајскиот Топ 50. Најпродавана Тојота е Јарис, на 12-то место.
Шкода и Пежо имаа по четири модели меѓу 50-те најпродавани, според првичните податоци од Датафорс.















