Овие системи од јули мора да ги поседува секој нов автомобил во ЕУ

Девет системи за асистенција и безбедност се задолжителни во секој нов автомобил што ќе се продаде во ЕУ почнувајќи од јули.

Новите автомобили ќе бидат уште побезбедни. Од јули, секој нов автомобил што ќе се хомологира за продажба во ЕУ мора да располага со напредни системи за асистенција во возењето. Тоа го бара новата одредба на ЕУ.

Луѓе сме, човечки е да се греши. Но, грешката не смее да го загрози ниту сопствениот ниту туѓиот живот или здравје. Возачите прават грешки и во сообраќајот. Според статистиката на ЕУ, до 95 проценти од сите сообраќајни незгоди се предизвикани од човечка грешка.

Затоа е важно автомобилите да поседуваат напредни системи за асистенција. Уште поважно, тие системи мора да се вградуват во сите автомобили, и во градските модели и во петметарските крстосувачи. Задачата на овие системи не е само навреме да го предупредат возачот за опасност. Некои системи можат дури и да ги поправат грешките, на пример тоа е функцијата на асистентот за сопирање во итен случај.

Поради тоа, Европската Комисија пропишува обврска за разновидни системи за асистенција да бидат задолжителни во сите возила што ќе се продаваат по 7-ми јули. Оваа одредба е дел од долгорочната стратегија „Визија нула загинати во сообраќајни незгоди“. Системите за асистенција се дел од стратегијата со којашто до 2050 година треба да се достигне целта за бројот на загинати во сообраќајот да се сведе на најмалата можна мера. Тоа е цел што важи за сите држави во европската заедница. „Основното право за мобилност не треба да се поврзува со бројот на жртви во патниот сообраќај“, агрументира еден европски парламентарец.

Бројот на незгоди се смалува

Иако во почетокот тие секогаш беа пречекувани со негодување, законските зафати во корист на безбедноста во патниот сообраќај докажано ја зголемија безбедноста. Такви случаи се воведувањето обврската за врзување ремен, ограничување на брзината на споредни патишта, намалување на дозволената количина алкохол во крвта.

Тој го одредува тактот во новиот компјутер за автомобили на Бош. Значително се смалува бројот на контролни единици за различни функции во возилата.

Според германската статистика, бројот на загинати лица во сообраќајот денес е за близу 90 проценти под нивото од 1970-те години, иако бројот на возила е зголемен трипати. Во 2023 година, во Германија сепак загинале 2.830 лица во патниот сообраќај.

Комисијата на ЕУ е уверена дека задолжителните асистенти ќе станат животни спасители. Законодавците се надеваат дека системите за асистенција, до 2028 година, ќе сочуваат 25.000 човечки животи и повеќе од 140.000 лица ќе поштедат од тешки повреди.

На следниот графикон јасно се гледа како влијаеше нерегулираниот увоз на користени автомобили во Македонија, со огромен скок во бројот на загинати лица во 2013, а потоа и во 2017 година

Бројот на загинати лица во незгоди во патен сообраќај во Македонија по години (не е прикажан бројот на повредени лица, што од 2007 година постојано е на вредност над 6.000 лица

Девет системи за асистенција и безбедност стануваат задолжителни

Сите системи мора стандардно да бидат вградени во сите нови возила.

  • Системот за задржување во лента во итен случај зафаќа при брзина над 60 км/ч. Тој автоматски го коригира правецот на возење, доколку возачот или возачката свртат премногу влево или вдесно.
  • Асистентот за сопирање во итен случај автоматски го запира возилото при опасност.
  • Асистентот за брзина предупредува при пречекорување на дозволената брзина.
  • При нагло сопирање, сега мора да светнат сите светилки во задните светла, при сопирање од брзина од преку 50 км/ч.
  • Предупредувањето за замор и внимание ја проверува брзината на реакцијата на возачот. Доколку системот препознае дека возачот не внимава пред себе или реагира предоцна на одвивањето на сообраќакјот, се вклучуваат видливи и звучни предупредувања.
  • Меморијата за податоци за соораќајна незгода е како црната кутија во авионите. Таа ги запишвуа најважните податоци од возењето. Целта е да се овозможи прецизно реконструирање на случувањата што довеле до судирот. Таа воедно има за цел и постојано ја ја подобрува работата на разновиднит системи за безбедност.

Од јули, за безбедноста во сите нови автомобили ќе се грижат и системите за помош при возење наназад и проверката на притисокот во гумите, коишто и досега се вградуваа во повеќето возила. Новина за возачите ќе биде системот што оневозможува да се управува со возилото при алкохолизираност. Секој нов автомобил по јули ќе располага со стадардизиран приклучок, за поврзување со контролен уред за алкохол. Овие уреди засега не се пропишани.

Електрични автомобили во македонските салони

Претходна објаваФиат Гранде Панда: Каков што треба да биде еден автомобил
Следна објаваЏип планира Авенџер наскоро да го качи на пиедесталот, до Тојота Јарис Крос

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here