Пежо подготвен за Леман-викендот, двапати во годината патиштата се затвораат за трката

Пол Ди Реста возеше Пежо 9Х8 2024 по улиците на Леман, предизвикувајќи одушевување кај масовната публика.

Трката во Леман не е „само“ 24 часа, туку цела седмица, а за некои и цела година. Тимовите во изминатиов викенд го поминаа „пезажот“, вообичаената подготовка за трката што се одржува во центарот на градот Леман.

Тимот Пежо Тотал Енерџис во неделата можеше да ги освежи своите познавања на патеката де ла Сарт, долга 13,626 километри. По пријавувањето за трката, познатиот пезаж, што се одржува на Плоштадот на Републиката во Леман, 18-те тркачлки болиди, вклучувајќи и осум прототипи на хиперавтомобили, возеа по улиците на Леман, во круг во должина од 2,1 километри, пред повеќеилјадна публика. Пол Ди Реста ќе вози Пежо 9Х8 со стартен број 94.

Во неделата во 10 часот почнаа првите тестирања по патеката де ла Сарт, што на тимовите и возачите им овозможи да ги освежат познавањата на оваа единствена тркачка патека.

Половината од патеката се состои од јавни патишта што во остатокот од годината се отворени за јавен сообраќај. Патеката се затвора за трката само еднаш до двапати во годината. Публиката пројави голем интерес за 92-то издание на трката. Дури 62 автомобили се на стартниот список.

Шестчасовното тестирање во неделата им овозможи на возачите на Тим Пежо Тотал Енерџис да го пронајдат најдобриот сетап, пред денешниот слободен тренинг и квалификациите.

Двете верзии на Пежо 9Х8 за новата сезона што првпат возат на Леман, совладаа вкупно 119 кругови.

Претходна објаваФорд е решен да престане со производство на Фокус во Германија
Следна објаваЕУ ќе воведе царини за кинески електрични возила до 25 проценти

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here