за

Форд е решен да престане со производство на Фокус во Германија

Производството на компактот Форд Фокус што се нуди само во изведби со мотори со внатрешно согорување ќе запре во 2025 година. Сé стивнува во фабриката во Зарлуи.

Ford Focus 10 EB 125 KS Titanium Business

Форд нема намера да го продолжи производството на Фокус во фабриката во Зарлуи, Германија, по планираниот краен рок во 2025 година. Тоа нема да се смени ниту во случај ако Европската Унија реши да го облажи својот план за нулта емисија на ЦО2, соопштуваат од компанијата.

Форд ги стивнува активностите во Зарлуи. Откако во ноември 2025 година ќе заврши производството на Фокус, во фабриката ќе продолжат да работат само 1.000 од сегашните 4.500 вработени. Тие ќе бидат посветени на „услуги за останатите локации за Форд“, кажуваат директорите. Фабриката ќе остане отворена најмалку до завршетокот на 2032 година.

Зголемувањето на бројот на конзервативци во новоизбраниот Европски Парламент се верува дека може да доведе до ублажување на планот „Фит фор 55“ на ЕУ, со што би се дозволило нови возила со мотор со внатрешно согорување да се продаваат и по 2035 година. Во исто време забавува продажбата на ЕВ и се поставува прашање дали крајниот рок за исполнување на целите ќе може да се исполни.

Било какви промени да се случат, Форд нема да се разубеди од намерата да престане со производство на автомобили во Зарлуи, кажа Киеран Кехил, заменик директор за производство на Форд во Европа. „Ние ги донесовме нашите планови и не се предвидува продолжување“, коментираше Кехил околу Фокус.

Форд го смени планот во Европа да продава исклучиво батериски електрични автомобили по 2030 година. Рокот сега е 2035 година. Останатите производители исто така ги проверуваат своите планови, додека забавува продажбата на ЕВ.

„Датумот за патничките возила повеќе не е 2030, затоа што увидовме дека преоѓањето кон ЕВ е трае подолго отколку што проценивме,“ кажа Ана Штригел, директорка за продажба и за Модел Е, како што се води огранокот за електрични возила на Форд.

Производството на Фокус во Зарлуи запре во март, поради штрајкот на добавувачите, коишто бараа да добијат иста отпремнина како вработените во Форд.

Производсвото се преселува во другите фабрики

Форд се обиде да ја продаде фабриката во Зарлуи, меѓутоа преговорите со заинтересираниот кинески инвеститор беа прекинати лани во октомври.

Форд им даде приоритет на фабриките за производство на автомобили во Келн и во Валенсија, Шпанија.

Компанијата во моментов ја разгледува можноста во Валенсија да произведува нов „мулти енергетски“ СУВ за светскиот пазар. Фабриката што вработува 4.800 лица го произведува СУВ-моделот Куга. Производството на Мондео, како и на миниваните С-Макс и Галакси престана уште одамна.

Форд го произведува малечкиот СУВ-модел Пума во фабриката во Крајова, Романија, којашто сега е во сопственост на заедничката компанија на Форд и на турски Отосан.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електрични автомобили во македонските салони

Пежо подготвен за Леман-викендот, двапати во годината патиштата се затвораат за трката